Д-р Ненад Лазаров за кого слушна цела Македонија ја промени работата: Ова сакам да го правам од кога знам за себе

  • By admin
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 715 Views

За докторот Ненад Лазаров веруваме дека речиси и да нема кој не слушнал во нашата држава со оглед што од појавата на вирусот во Македонија постојано е присутен во јавноста.

Д-р Лазаров е чест гостин во емисии, но и во печатени и пишани медиуми. Пред се тој е доста активен на социјалните мрежи поточно фејсбук.

И покрај многубројните обврски со големиот број пациенти, тој речиси секојдневно наоѓа простор и време со своите пријатели на фејсбук да сподели некоја информација.

Тој често споделува мислења, препораки, истражувања, но и предупредувања и апели што кај многумина наидува на реакции, секако има и оние кои не годуваат и оние кои одобруваат.

Лазаров важи за еден од оние докотори од помладата генерација кој реши наместо преку границите, кариерата да ја гради во Македонија.

Во изминатите години докторот Ненад Лазаров работеше во својата привата ординација по општа медицина како матичен лекар.

Неретко откако ќе завршеше со ангажманот со амбулантна одеше и во домашни посети онаму каде што беше потребно.

За него се слушна и со проекто за ЗД принт кога заедно со уште неколку колеги на почетокот на пандемијата кога имаше недостиг од визири реши да прави и да ги транспортира онаму каде што беше најпотребно.

Овојпат, поточно днес на фејсбук како и вообичаено ги информираше своите пријатели дека дошло време за промена.

Имено Лазаров својата професионална кариера ќе ја продолжи во приватната болница Санте Плус како гинeколог од каде што информираа:

Докторот кој е на првите бор бени линии за време на ковид-19 од денес дел од Санте плус фамилијата. Добредојде д-р Ненад Лазаров спец. гинеколог акушер

Потоа се огласи и самиот Лазаров кој напиша: Ова сакам да го правам од кога знам за себе

А исто така се јави и со фотка од новата работа каде што напиша: – Нов почеток

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.