Д-р Марија сподели фотка 2 недели по хемотерапијата и порач: Јас избирам да зборувам за моите тешки моменти затоа што тоа не е срамота

  • By admin
  • јули 21, 2021
  • 0
  • 10629 Views

Младата 28 годишна докторка Марија Бунда Калпак за пошироката јавност кај нас стана познато откако во март отворено проговори за водела својата најтешка животна битка и дијагнозата рак на дојка.

Марија на својот профил на Инстаграм сподели фотка од себе која е направена по првата хемотерапија и притоа проговори емотивно за тој период:

„Ова е слика 2 недели после првата хемотерапија, кога морав да ја исшишам косата затоа што после 3, 4 недели целосно опаѓа.

Изгледам среќна, а всушност тоа беа најстрашните денови во мојот живот и се прашувам: „Зошто не сме искрени на социјалниве медиуми?“ Секој како да сака да прикаже некоја постојана среќа – што не е можно.

Секој има добри и лоши периоди и затоа јас избирам да зборувам за моите тешки моменти затоа што тоа не е срамота. Напротив срам ми е што сум толку насмеана на сликата, а во тој момент ми се плачело затоа што ме чекаа:

Безброј магнетни резонанци, скенови,

8 хемотерапии (наречени red devil)

12 еднонеделни хемотерапии

12 оваријални супресии (со инјекции)

20 Гранакс поткожни инјекции

Хемотерапијата како што знаете ги уб ива клетките на ра кот, но и здравите клетки, со тоа и леукоцитите (одбранбените клетки). За среќа, постојат стимулатори на коскена срцевина за да имуните клетки продолжат да се создаваат.

За несреќа пропратните ефекти се стр ашни бо лки во мускулите и коските, но и тоа помина.

2 пет скенови

2 операции

15 радиотерапии

Безброј кр вни испитувања… како добро утро

По 20 апчиња на ден (витамини, суплементи)

Хормонска терапија, која сè уште трае.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *