Д-р. Луис Слободан Делев Кариљо е пола Македонец, пола Мексиканец: Би дошол и би работел во Македонија

  • By admin
  • февруари 16, 2022
  • 0
  • 609 Views

Луис Слободан Делев Кариљо како што прочитавте во насловот е пола Македонец, а пола Мексиканец што му се гледа и по името на прв поглед.

Станува збор за 31 годишно момче родено во Квебек, а израснал во Монтрела, кое има навстина несекојдневна животна сторија која во интервју за Кластер.мк реши да ја раскаже.

„Јас сум од мајка од Мексико, а од татко од Македонија, а сум роден во Канада. Но решив среќата да си ја побарам на Балканот и во Русија, овие два географски предели ми се при срце“, вели Слободан за Кластер.мк и додава.

„Татко ми е чист Македонец. Мојата баба е по потекло од Струмица, а дедо ми од Пирава, валандовско. Татко ми кога бил теинејџер заедно со баба ми и дедо ми се преселиле во Канада.

Неговиот татко за македонската јавност е добро познато име. Станува збор за Д-р. Глигор Делев кој е роден во Скопје, 1960 и е македонски алпинист и доктор-специјалист е по ур гентна медицина.

Живее и работи во Канада, каде се преселил во 1969 година. Пролетта 2007 година успешно се искачил на највисокиот врв во светот Монт Еверест како член на планинарска експедиција од Србија и со тоа стана вториот Македонец на врвот на светот.

Овој момент, односно искачувањето се случила на 20 мај 2007 година.

„Не знам што се случува моментално со мене. Зар е можно дека сум на ’покривот на светот‘, повеќе пред мене не гледам карпи и мраз, над мене се само облаците.

Ова е прекрасно чувство, целиот свет сега е под моите нозе, ми течат со лзи-радосници. Ја исполнив својата желба да се искачам на Монт Еверест, иако беше многу, многу те шко. Ова качување ќе го паметам целиот живот“, јавил д-р Делев, на водачот на експедицијата по радиоврска од врвот.

Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.За своето постигнување ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.

Интересна анегдото ни отрки неговиот син Слободан кој кажа дека иако и татко му го говори перфектно македонски јазик, а и тој го разбира убаво, тие меѓусебно комуницираат на шпански јазик.

„Мојата мајка е мексиканка и обично како што се вели мајчиниот јазик е тој. Обично децата повеќе зборуваат со мајка отколку на таткот. Исто додека бев млад татко ми мислеше ако зборувам и на македонски тоа ќе биде премногу и претешко, изјави Слободан за „Кластер.мк“ и додаде:

Затоа што веќе морав француски, англиски и шпански, па така најдовме средина и секогаш зборевме на шпански и така остана. Но како растев пробував и со него и со баба да зборува на македонски, но тешко е кога не го зборуваш постојано.

„Јас сум горд што сум Македонец благодарение на татко ми кој е многу горд што е Македонец и за него секогаш беше важно да не ги забораваме нашите корени.

Делев Кариљо вели дека во Македонија за првпат го донел татко му кога имал 15 години и тоа било на неколку дена.

„Во Македонија сум бил на многу места. Скопје, Охрди, Струмица, Попова Шапка над Тетово. Со оглед на тоа што 5 години студирав во Србија додека бев таму чест пати патував во Македонија.

Многумина од вас сега се прашуваат како дошло до тоа да студира во Србија и зошто ја напуштил Канада.

„Канада ја напуштив кога имав 19 години, поточно пред 11 години, но се враќав двапат кратко таму. Во Белград завршив факултет за медицина. Сакав да студирам јас во поранешан југославија затоа што сакам да ги откријам своите корени пошто сум полу балканец.

„Бидејќи ми се допаѓаат големи градови, а Белград е најголем град во поранешена југославија и зато одлучив таму да студирам“.

Во меѓувреме решил да замине во Русија и да се пресели во Москва каде се запишал на мастерс студии за бизнис администрација.

„Секогаш имав љубов кон Русија, тоа исто ми го вроди татко ми кој ја сакаше Македонија, поранешна југославија, источна европа и Русија. Па откако бев на размена на студенти во Санкт Петербург една година, сакав да бидам уште и откако запишав мастерс ми излезе шанса да останам во Москва и не ја испуштив шансата.

Слободан зборува неколку јазици, меѓу нив српскиот, македонскиот, руски, француски, англиски и шпански

„Плановите за иднината, поточно каде се гледам е тука, на балканот, Македонија, Србија или Русија. Би работел и во Македонија, зошто да не. Но не се гледам како класичен доктор во болница, туку во некој бизнис врзан со медицината.

Како што вели негова голема страс е и патувањето, фотографиите и снимањето со дрон, а веќе има поминато голем број држави.

Автор: С.С Фото: Приватна архива

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.