Д-р Злате: Моудуларните болници да се затворат привремено – кажа и зошто

  • By admin
  • септември 14, 2021
  • 0
  • 1018 Views

Германскиот тим од Федералната кр иминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.

Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

Доктор Злате Мехмедовиќ во гостувањето во Стидио 10 на ТВ 24 говореше за состојбата со модуларните болници во Македонија, откако минатата недела се случи трагедијата со болницата во Тетово.

„Модуларните болници се значаен капацитет, доколку ги нема нив ќе биде тешко да се даде квалитетна здравствена заштита. Доколку не се расчисти прашањето за безбедноста на тие болници ќе биде тешко да се убедат граѓаните дали тие се безбедни.

Начинот на кој се врши истрагата дава надеж. Најбезбедно и најчесно е за да се премине ова е тие болници да се затворат привремено, а откако ќе се утврди дека се безбедни, повторно да се вратат во употреба.

Не треба да бараме поинаков пристап, не постои начин за земја што нема доволно финансиски средства, да обезбеди квалитетна здравствена заштита во соодветни здравствени установи.

Тоа и се случи и на Кина. Факторот време е многу важен. Модуларните болници треба да издржат пожар од 30 минути до 4 часа“ – вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *