Д-р. Злате: Може да имаме и над 2000 позитивни на ден, ова е бран кој ќе биде поинаков од сите останати

  • By admin
  • август 9, 2021
  • 0
  • 8518 Views

Министерството за здравство денеска преку соопштение информира дека во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијантата на ковид19, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па, како што се наведува, многу е веројатно истото да се случи и кај нас.

Од таму апелираат дека ова ја прави вакцинацијата уште поважна и наведуваат дека мора да се вакцинираат што поголем број граѓани за да се избегне повторно затворање, полициски час и слично.

Владата викендов усвои нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот кои треба да стапат во сила на 16 август. Мерките, меѓудругото, предвидуваат целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено и задолжителна потврда за вакцина, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено.

Докторот Злате Мехмедовиќ даде интервју за Алфа ТВ во кое зборуваше за она што не очекува, а притоа кажа:

-Загр ижувачки е трендот на зголемување на бројките на новозаразени, а внимателното димензионирање на превентивните мерки може да го ублажи овој бран кој е веќе во фаза на создавање.

Ова е бран кој ќе биде поинаков од сите останати, очекуваме подолготраен и поинтензивен бран.

Од темпото на вакцинација и новите превентивни мерки зависи дали бројката на новозаразени ќе ја надмине границата од 2000 позитивни случаи на ден.

Ве замолувам оваа порака да ја разберете како порака од заг риженост и како повик за одговорност. Бор бата која ни престои ќе биде за секој човечки живот, и таа ќе биде најтешката досега.

Бројките во идниот период ќе раснат, но дали до крајот на месецот ќе бидат 1500 не можеме со точнос да кажеме, меѓутоа знаеме дека е двојно попренослив и хоспитализациите се зголемина за два пати.

Според некои очекувања таа бројка може да надмине 2000 позитивни за едно денониќие и тоа би бил сериозен број.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *