Д-р Елена: Плачам како мало дете додека го пишувам ова

  • By admin
  • април 6, 2021
  • 0
  • 5276 Views

Ситуацијата со вирусот во нашата држава не оди на добро за што сведочат секојдневните бројки поради што вчера Владата донесе нови мерки.

Венко Филипче додаде дека мерките се преземени со цел заштита на здравјето на граѓаните и дека не се политички.

Филипче вели дека процесот на имунизација во земјата тече нормално, без проблеми, додавајќи дека вчера вакцината ја примиле околу 2.500 граѓани.

Првиот човек на здравство најави средба со претставници на приватните болници за да се изнајдат начини – како овие установи да им помогнат државните клиники во борбата против пандемијата.

Тој изјави дека неколку приватни болници веќе прифатиле да „позајмат“ медицински персонал. Овие специјалисти ќе бидат ангажирани во „Козле“. Од Министерството за здравство смируваат дека има капацитет и слободни кревети за новозаразените пациенти.

Докторката Елена Павлевска на својот профил на фејсбук сподели емотивен статус во кој вели:

Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.

Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧ ИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!

Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе. Едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст.Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме риз ична категорија.

Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки. И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа.

Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно. А молиме предолго веќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *