Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернис кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвод од границите на нашата држава.
Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.
Но сега тој самиот се соочил со една потешкотија која реши да ја сподели со своите следачи и целокупна јавност
-Ка тастрофално искуство во амбасадата на Македонија во Минхен
Тоа што примија други пред мене и ме оставија да чекам 30 минути не ни замерувам. Тоа што господинот ми се обрати на шалтер со “Еј!” како да сме на пазар, ќе го заборавиме.
Тоа што господинот Алиу се претстави како главно одговорно лице во амбасадата иако на документот што ми го издаде стои друго име не ми е важно. Тоа што не добив шанса да разговарам со одговорното лице бидејќи е на состанок го разбирам.
Тоа што на поштенското сандаче има печатна грешка и што знамето што се вее е искинато и обледено ќе го преболам.
Тоа што ми го ускрати правото на анонимност и читаше на глас пред останатите не ми е важно (иако го замолив да почекаат пред врата, одговорот беше – не одлучувам јас кој каде чека) … Не е важно.
Но! имам маил од амбасадата во кој добив термин за сликање денес во 11 часот. Ќе биде објавен јавно.
Земав слободен ден, организирав замена на работа, патував до овде.
Поради нечија неписменост јас не сакам да плаќам. Барам од амбасадата во Минхен да превземе одговорност и да ми ги надокнади трошоците од изгубениот ден на работа, бензин и психички ст рес.
А, да. И навреда. Господинот Алиу откако ја напуштив просторијата на следните кои имаа термин рекол “трае подолго бидејќи си има работа со разгалени” тие ме следат на инстаграм па ми кажаа
Не драги мои, не сум разгален, само барам доза професионалност.