Д-р Беќаровски со оптимистичка вест: Патување во Милано пак ќе биде актуелно

  • By admin
  • јануари 12, 2022
  • 0
  • 392 Views

Пред неколку моменти Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа – Направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26.

Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.

Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од: Скопје – 406, Охрид – 43, Битола – 37, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Струмица – 25, Куманово и Велес – по 14, Гевгелија – 11, Штип – 7,

Радовиш, Неготино и Ресен – по 6, Кичево и Струга – по 5, Делчево – 4, Кочани и Берово – по 3, Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 поч инати лица: 2 лица од Делчево (70г и 77г) и едно лице од Скопје (89г). Пријавените лица се поч инати во болнички услови.

Направени се 7.123 тестови преку: ИЈЗ-536, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-115, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0,

УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–174, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Авицена-307, Биотек-397, Систина-132, лабораторија Лаор-283, Синлаб-64, Ремедика-19, Плодност-128, Генеа-21, Никоб Лаб-679, ВФВ Медикал-91, Ели Медика-18, Ројал Медика–43, Спектра-ММ-36, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–42, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.499.

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на поч инати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478.

Докторот Нико Беќаровски пред неколку моменти се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Тоа што во моментов имаме пораст на бројот на хоспитализации е резултат на се уште присутната делта варијанта.

Како ќе продолжува да расте доминацијата на омикрон сојот (во моментов кај нас е околу 2/3 од случаите) така ќе опаѓа и бројот на хоспитализации и см ртни исходи.

Мажи спремајте ги паричниците, за 8-ми Март, патување во Милано пак ќе биде актуелно. P.S. Оптимистите живеат подолго и поквалитетно од песимистите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *