Дунавка Трифуновска: Да не го избркавте Кирил Поп Христов во Јужна Америка ќе ви кажеше нешто во негов стил

  • By admin
  • август 22, 2021
  • 0
  • 15063 Views

Познатата македонска манекенка Дунавка Трифуновска знае често да биде активна на социјалните мрежи што беше случај пред некој ден кога во својата објава на Инстаграм напиша:

Големата е потребата од едукација,патувања и слобода во држава во која освен фасади и фонтани во центарот обвиени со ву лгарности, веќе и ништо не можеш да сретнеш.

Освен, договори без обврски.Триумфална капија без триумф. Државен архив без документи.Медиуми без закон.Пензија без стаж.

Живот без доказ. Села без вода. Игри без граници.Кафани без луге… Ама држава со сведоци.

Земја која ја родија вистнските, а ја одгледаа неразумните. Доказите останаа да живеат само во песните на Цеца како утеха, местото каде луѓето ги лечат своите ,,ра ни,,. Застанати во 1995 – тата. Создадоа живот без смисла.

На луѓето кои не веруваат во чуда им остана се. Ама оние имале нови лица со супер рејтинг!

Да не го избркавте Кирил Поп Христов да се лекува во Јужна Америка ќе ви кажеше нешто во негов стил.

Ова го пишува ќерка на докторка и сестра на доктор, внука на народни херои чии победнички бисти и ордени светат повеќе од половина век бидејки не се од Вас.

Не се гипс фасади облеани со ла жна бронза и на силен ПР.

Добар рејтинг сто неможе да го ,,набилдате,, бидејќи се уште се лекува во болници и здравстени домови изградени и едуцирани од школата на Тито на која се поклони целиот свет еден тажен ден во Белград.

Медицината и религијата се совршени сојузници, за сите оние кои умеат да им веруваат на доказите кои во слава на Бога ја победија природата ,малите умови и големите ега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.