Секој седми Швајцарец е милионер. Швајцарија води по уделот на милионери, кој достигнува 14,1 отсто.
Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 трилиони евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт. Има зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните.
И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на 16 земји од ЕУ и Швајцарија.
Германија ја предводи Европа со лично богатство од 16,4 трилиони евра, а потоа следат Франција со 12.600 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10.000 милијарди евра, покажува студијата на Redesigning Financial Services (RSF), институт со седиште во Цирих.
Швајцарија од денеска ги укина речиси сите ограничувања за пандемијата на коронавирус, соопшти владата, наведувајќи дека се намалија страв увањата оти скокот на инфекции поттикнати од варијантата омикрон ќе го совлада здравствениот систем.
Владата соопшти дека само условот за носење маски во јавниот превоз и во здравствените установи ќе остане по измените кои стапуваат од денеска.
Задолжителната петдневна изолација на луѓето кои се тестирале позитивно на коронавирус, исто така, ќе остане до крајот на март за да се заштитат особено ранл ивите луѓе, соопшти владата.
Но, продавниците, рестораните и културните институции ќе бидат слободно достапни.
Повеќе од 90 насто од швајцарското население од 8,6 милиони луѓе се здобиле со заштита од вирусот, се опоравиле од ковид-19 или биле вакцинирани, забележуваат официјални лица.
Како што е познато во оваа држава живеат и работат голем број на Македонци.