Државата во која живеат над 200.000 Македонци одбрана за најдобра земја за живот во 2021

  • By admin
  • април 30, 2021
  • 0
  • 6190 Views

Канада е избрана за најдобра земја за живот во светот во 2021 година, а земјите се категоризирани и избрани според степенот на подвижност, моќ, општествено одговорен бизнис, положба на жените, расна еднаквост, пренесува „U.S. News and World Report“.

Земјите се категоризирани и избрани според степенот на подвижност, моќ, општествено одговорен бизнис, положба на жените, расна еднаквост.

На ранг-листата „Најдобри земји за 2021 година“ анкетирани се вкупно 17.326 лица од 36 земји во четири региони – Америка, Азија, Европа и Блискиот исток и Африка, така што 78 земји се рангирани на светската сцена.

Канада, исто така, се рангираше на првото место според квалитетот на животот и социјалната цел. Има добар пазар на труд, се грижи за човековите права и се залага за социјална правда, се смета за некорумпирана и ги почитува правата на сопственост.

Канада доби најголемо признание во областите на образование, квалитетно пензионирање, животна средина и здрав живот.

Исто така, го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото.

Извештајот се следи и објавува секоја година, а за 2020 година е избрана Швајцарија.

Според објавената листа за оваа година, покрај Канада се наоѓаат и Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.

Три канадски острови се наоѓаат на списокот на 10-те најголеми острови на планетата Земја, а тоа се: островот Бафин, островот Викторија и островот Елесмер. Канада има повеќе од три милиони езера, од кои две, Great Bear и Great Slave, се најголеми.

Инаку Македонците во Канада претставуваат една од најголемите групи на Македонската дијаспора. Според пописот на населението во Канада нивниот број изнесува 37.055, но според проценките на неколку организации Македонците во Канада бројат околу 200.000 луѓе.

Најголемиот број од нив се сконцентрирани во Торонто (околу 40.000), но ги има и во други градови, како Отава, Монтреал, Винипег и други.

Торонто е најголемиот град во Канада, со околу шест милиони луѓе. Потоа, Монтреал, со четири милиони жители и втор по големина град во светот каде се зборува француски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *