Државата во која живеат многу Македонци ќе ги вакцинира учениците а се со една цел

  • By admin
  • мај 25, 2021
  • 0
  • 3036 Views

По одобрувањето во САД и во Канада, од јуни се очекува и во Германија децата и младите од 12 до 15 години да можат да се вакцинираат со Бионтек/Фајзер.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести – ЦДЦ, околу 600.000 деца на возраст помеѓу 12 и 15 години биле вакцинирани против Ковид-19 за помалку од една недела по издаденото одобрување од страна на американската Федерална агенција за лекови – ФДА за вакцината Бионтек/Фајзер за деца.

И Канада, која стана прва земја во светот што ја одобри споменатата вакцина на 5 мај, планира сите во оваа возрасна група да бидат вакцинирани со една доза или целосно до почетокот на училишната година наесен .

Во ЕУ, според шефицата на Европската агенција за лекови-ЕМА, Емер Кук, може да се очекува соодветно одобрување на оваа вакцина од страна на ЕМА на крајот на мај.

Германската канцеларка Ангела Меркел и 16-те премиери на германските покраини на 27 мај, ќе го разјаснат прашањето како и каде треба да се вакцинираат децата во Германија.

Дојче Веле јавува дека Германската министерка за образование Ања Карличек сака да го забрза усвојувањето на планот за вакцинација на деца и адолесценти затоа што смета дека само така може да се отворат училиштата помалку или повеќе нормално по летните одмори.

Ања Карличек, која доаѓа од партијата ЦДУ, бара во сите провинции да се направи распоред за вакцинација за деца и адолесценти на возраст од 12 години и посочува дека до почетокот на следната учебна година на секој наставник во земјата треба да му се понуди да се вакцинира.

Барањето на германската министерка треба да се разгледа следната недела, на состанокот на федералната и покраинските влади.

Претходно, сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан (ЦДУ), побара вакцините на Бионтек да бидат достапни за учениците, со цел училиштата повторно да бидат отворени.

Европската агенција за лекови во моментов работи на забрзано одобрување на вакцината на Бионтек-Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години, а САД веќе почнаа да вакцинираат деца и адолесценти.

Според резултатите од едно истражување, задоволството од животот за време на пандемијата кај децата и адолесцентите се намалило за дури 21 процент.

Повеќе од половина од нив станаа понесреќни во тековната учебна година, соопшти здравственото осигурување „ДАК-Гезундхајт“, кое го нарачало истражувањето. Меѓу таа популација, како што се наведува, има зголемување на емоционалните проблеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *