Добар познаник на Тоше Проески откри што му спомнал во една прилика

  • By admin
  • декември 5, 2021
  • 0
  • 378 Views

Петар Богојески се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели:

Драги пријатели, момчето од сликата случајно го познавав од едно место… случајно од исто маало и исто школо… исти улици… исти… неговото срце би еше за Македонија!

Знаете ли колку го повр едувавте? Сељанчето, крушеецот, тој ли провинцијалецот ќе ни кажува… тој што се наполни со пари… тој што купи ова / она… тој ли… кој е тој да кажи…

Знаете ли колку стра даше поради Вас и отровот кој го истуравте врз него, само и само поради Вашата љубомора и немоќ да си признаете дека е поуспешен од Вас?!?

Знаеше да ми спомне, “Петар, во темнина му се молам на Тој, да ми даде сила на сите да им простам и никого да не замразам”…Што е толку тажно кај Вас, мили мои?!?

Зарем требаше да ум ре, за да кажете “Големиот Тоше”?!? Зошто тоа не го можевте додека беше жив?!? Зошто го теравте да страда “Големиот Тоше”?!?

Тодор Проевски: “Што е тоа кај луѓето тажно, што живеат во животи туѓи, кој во моето минато плови, сосем мирно без да се срами?”

Тој:“Кој има чист образ, прв нека фрли камен врз оваа грешница!”

Знаете ли што сакаат да Ви кажат?!? Кој од Вас е толку чист, што си дозволувате да им судите на другите по фејзбуци, по улици, по кафани…?!? Зарем не се срамите?

Нема никој чист на земјава! Не беше ниту Тоше! Ниту јас! Ниту ти! Ниту тој! Ниту таа! Ниту ние! Ниту вие! Ниту тие! Ниту оние!… никој мили мои! Сите сме грешници!

Само Еден ќе ни суди! Јас не се молам во темница, ами во Божји Храм, на никого замерка да не Ви фатам… а ако паднам во моментален мрак и бес, да најдам начин да простам! Простете и Вие!

Петар Богојески “Кога судите, прво пробајте на себе, па завртете се кон грешникот”! Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете! Сепак друг ќе Ви / ни суди!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.