Диџеј Мац распали: Вие што не плукавте дека шириме зараза, сега ние за вас истите ќе се погрижиме

  • By admin
  • мај 11, 2021
  • 0
  • 659 Views

Вирусот која кај нас започна на средината на март минатата година имаше големи последници врз работата на уметниците, музичарите, актерите, диџеите, и воопшто целата економија.

Со затварањето на угосителските објекти без работа останаа музичарите кои егзистираат од настапи по ресторани и по клубови, како и диџеите.

Диџејот Марјан Петровски Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш прави хумани дела. Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави.

Мац, кој e по професија лаборант, поради состојба со вирусот во музичката индустрија ѝ се врати на својата примарна професија.

Како што е познато, владата откако забрани настапи во локали на музичари, односно на пејачи и диџеи, како една од мерките против вирусот тие се кренаа и излегоa на протест.

Но се чини дека конечно по година и нешто доаѓаат подобри денови за нашите музичар, а диџеј Мац на фејсбук напиша:

Доаѓаат денови за музика. Кога вие што не плукавте дека шириме зараза како музичари и бевме виновни за зголемената бројка,сега НИЕ за вас истите..

НИЕ музичарите ќе се погрижиме да си поминете убаво,да се опуштите со вашите омилени луѓе ( девојка,дечко,брат сестра,фамилија,пријатели и така натака) чашка живели да кренете и наздравите.

Вие истите тие ќе бидете први и ќе уживате во вашата омилена песна или музика.

НИЕ ќе ве потсетиме повторно и ќе се погрижиме за вашите незаборавни ноќи и вечери поминати со луѓето што ги сакате.

Да да НИЕ МУЗИЧАРИТЕ кривите … повторно ќе бидеме тука за вас и вашата добро помината вечер.Ќе ви свириме од срце и од душа после толку време.ДА СТЕ МИ ЖИВИ И ЗДРАВИ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *