Дијаспората значи многу за Македонија: 2 милијарди евра се изгубени од печалбарите минатат година

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 518 Views

Како што е познато сè уште присутната неизвесност околу тоа како ќе се патува ова лето од Европа до Македонија и обратно, го прави неизвесно и доаѓањето на печалбарите.

Бизнисмените од Струга велат дека ако се повтори уште едно лето без иселеници, тоа ќе значи тотален кр ах за стопанството. Доаѓањето на печалбарите е поврзано и со одржувањето на свадбите во струшкиот регион дејност во која се вклучуваат многу сектори.

Според некои пресметки, некаде околу 2 милијарди евра се изгубени во текот на минатото лето заради недоаѓањето на печалбарите и неорганизирањето на сите овие настани кои се случуваат традиционално во нашите простори овде со доаѓањето на печалбарите.“

Џемаилоски сепак е оптимист дека работите ќе почнат полека да се враќаат во нормала иако вели, за тоа ќе биде потребно време.

„Се надеваме дека барем нешто да се врати од нормалното функционирање и работење, затоа што е тежок период овој кој го поминавме. И тие што биле планирани за 2020 и тие што се за 2021, сега треба сите да се соберат.

Некои од хотелите малку срамежливо, малку со недоверба дека ќе се случи тоа бидејќи многу долг период помина во ваква ситуација, но веќе сите имаат по два или три настани во текот на денот.“

Од туристичките агенции кои работат со наши иселеници се претпазливи со најавите. Велат, ќе биде подобро од 2020 година, но не исто како во 2019-ттата.

После олабавување на мерките, интересот на печалбарите за да дојдат во родниот крај е поголем. Можам да кажам дека е за 50% поголем интересот за разлика од другите месеци, како април и мај.

Моментално како што е ситуацијата мислам дека до крајот на јули ќе има околу 70 % од печалбари кои ќе дојдат во родното место“.

Шаќири вели дека оваа година ќе биде клучна за нивните бизниси. Од струшкиот регион има околу 12.000 печалбари во Европа и САД. Се очекува околу 7.000 летово да дојдат во стариот крај.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат М ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *