Дејан од Прилеп во пламен останал без бараката во која живеел, добил многу ветувања но од тоа ништо

  • By klaster2
  • февруари 20, 2022
  • 0
  • 543 Views

Дејанчо Настески од Прилеп имал тежок живот заедно со самохраната мајка, а денес кога треба да размислува за свое семејство му го ри до земја цела социјална барка во која живеел.

Нема ниту минимални услови за живот и живее под кирија. Тој има 45 години, млад останал без татко и суровоста на животот ја запознал уште од мал.

Ова семејство од секогаш живеело под кирија и токму еден ден ќе се израдуваат и ќе довијата барака за живот, но како што велат се што е слатко кратко трае.

И токму во таа барака во која што собирал и творел низ целиот живот, ќе ја изгуби за еден миг и сега Дејан и мајка му повторно се на почеток.

– Овде живеевме долги години јас, мајка ми и братот, кој се ожени и се исели одовде. Ова се социјални бараки и беа донација.

– Цел живот се ма чиме, светлината на денот не сме ја здогледале, детето уште од мало лежеше во Охрид во болница бидејќи имаше здраствени проблеми, вели мајката Стевка.

– Се молевме, трчавме и успеавме да ја добиеме бараката, и дури тогаш се опуштивме и дојде насмевката на нашите лица, но ова последното не докрајчи…

– Дејан внимава на мене, од него чекам за храна и слично, јас нигде не работам не земам ниту социјално, поради некоја нива останато од татко ми не можам да земам социјално, вели Стевка.

– Цел живот сум била домаќина сум помагала де таму де ваму, имав претчуство дека ќе се случи вакво нешто, во подсвеста секогаш ми беше тоа.

– Се се случи набрзина, слушнав силни звуци отидов кај регалот да можам барем парите да ги спасам но за жал не успеав, да останев уште некоја секунда плус ќе отидов и јас во неповрат.

– Се што имав се отиде во неповрат, пари, мотор, покуќнина, јас не бев дома кога се вратив имав што да видам, вели Дејанчо.

– Освен нашата барака се запа лија уште две- три соседни бараки. Од тогашниот градоначалникот Јовановски веднаш по случката бевме сместени во интернат.

– Но по само неколку дена ни рече да си најдеме стан и да се сместиме и дека општината ќе го плаќа и станот и сметките, но од тие ветување до денес ништо.

– И сега каде што сме под кирија условите не се кој знае какви, киријата е 6.000 денари плус давачки стигнува до 10.000 денари, а од социјалното земаме 5.000 денари.

 

– Многу работи беа ветени, но ништо не се оствари, јас не сум моќен да правам куќа, немам буквално ништо, вели Дејанчо за ,,Срце на Дланка”

Кај останаа без покрив над глава Тетка Стевка и Дејан немаат приходи. Дејан нема стабилна работа и работи само доколку го повика некој.

– Живееме само од социјална помош од 5.000 денари, кој ќе ме повика одам и помагам и тогаш искарувам за храна, вели Настески.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да започне одновно својот живот и да направи пристоен дом за живеење тоа може да го направите на телефонскиот број 075/751 714 или трансакциската сметка 240287115528329 Уни Банка; Цел на дознака: За донација

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.