Денес сите уживаме во неговите хитови а некогаш работел трета смена во фабрика и склопувал Голф 1

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 2459 Views

Аако го споменеме името и презимето Един Дервишалидовиќ нема да ви значи ништо, но ако кажеме Дино Мерлин тогаш веројатно работите стануваат појасни.

Денес е најпознат босански кантавтор и една од најголемите музички ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, но пред да стане она што е денес, поминал трнлив пат.

Немал поддршка од родителите и околината во намерата да се занимава со пишување, компонирање и пеење, па така за него снимањето на првата плоча бил сон за кој долго мечтаел.

Работел тешки физички работи каде и да било потребно, а во фанрилата за лагери „Вогошќа“, каде се склопувал легендарниот „голф 1“, а работел и трета смена.

Благодарејќи на својата упорност и труд, успеал да собере пари за снимање на песните, вкупно пет по број. Меѓутоа, тоа не било доволно за цел албум, а и дискографската куќа во него не видела потенцијал, па соработката пропаднала.

Тогаш се нашол пред бездна, помислил дека сè е изгубено и бил на прагот да се откаже од својата цел. Ова траело се додека во една пригода во студиото во Скендерија не го слушнал продуцентот Мурафид Бркиќ, сопругот на Ханка Палдум.

Воодушевен од својот талент, тој веднаш го поканил во својата куќа, на Ханка и кажал да донесе ракија и му соопштил на Дино дека неговото прво ЦД ќе биде објавено во 50.000 примероци.

Во една прилика Мерлин зборуваше за тоа, но не го знаеше одговорот на прашањето што би се случило доколку не го сретла Мурафид таа судбоносна вечер.

„Кој знае… Можеби ќе продолжев да работат во фабриката за лагери „Вогошќа“. Сигурно не би бил, бидејќи станува збор за уште една во низата фабрики кои беа уништени поради негрижата на власта и државата.

Не размислувам премногу за тоа, но не затоа што мојот живот пред музиката е приод кој сакам да го заборавам. И во мојот, како во вашиот живот, постојат моменти кои се помалку драги, за кои би сакале нашето животно искуство да биде посиромашно, но не би ги менувал или заборавил, бидејќи секој од тие моменти ме направија она што сум денес.“ – кажа познатиот пејач.

Ако јавноста во Македонија беше изненадена пред десеттина дена од влезниците за концерт на Саша Ковачевиќ во Охрид, кои се продаваа по цена од 500 евра, состојбата со концертите на балканските музички ѕвезди не е ништо подобра ниту во регионот.

Имено, популарниот босански музичар Дино Мерлин (Ервин Делишхалидовиќ) на својата официјална страница го најави концертот кој ќе се одржи на 14-ти август во Црна Гора, Тиват, во Порто Монтенегро Јахт Клуб, а цените се буквално вртоглави.

Дури 2.500 евра изнесува таканаречената ВИП софа, односно маса за пет лица со шише шампањ.

Висока маса за пет лица и шише шампањ е 850 евра, има поевтини понуди за 750, 550, па се до најевтината, која изнесува 85 евра. Влезниците се пуштени во продажба и можат да се купат преку интернет, со напомена дека бројот им е ограничен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.