Денес пристигна убава вест од Германија за Македонците

  • By admin
  • јуни 11, 2021
  • 0
  • 4001 Views

Денес од Германија, држава во која живеат и работат голем број Македонци пристигна убава вест.

Германија ја отстрани Македониј како и другите земји од Западен Балкан, од „црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.

Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци со корона вирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар .

Покрај Македонија, од Западен Балкан, се симнати од црвената листа и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора кои повеќе не се третираат како ризични земји.

Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“.

Можеме да го укинеме општото предупредување за патниците во ризични области каде што фреквенцијата седум дена по ред е помала од 200. Оваа мерка ќе се применува од 1 јули и низ целиот свет“, објави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Оваа симболична мерка ќе го олесни патувањето и туризмот во летната сезона.

„На многу места, бројот на заразени лица се намалува, а се повеќе граѓани се вакцинираат. По долги месеци затворени граници, можеме да очекуваме да се вратиме во одреден вид нормалност, а тоа важи и за патувањата“, вели Мас, но повика на претпазливост и почитување на мерките.

Но, ограничувањата и натаму остануваат на си ла за земјите кои сè уште имаат голем број на заразени и голема фреквенција на соеви на вирусот, како што се Велика Британија или Индија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *