Дарио: Дојдоа дивите ги избркаа питомите, денес културните и воспитаните се на маргините

  • By klaster3
  • јуни 25, 2022
  • 0
  • 368 Views

Македонскиот пејач Дарио Панковски е еден од нашите најдобри изведувачи, неговите песни се евергрини и има кариера на која многумина можат да подзавидат.

Својата музичка кариера ја започна уште во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хи тови од тоа време се:

Добрите девојки, Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.

Неодамна ја промовираше неговата песна „Какви се овие времиња“ за која подетално ја објасни тематиката и причините поради кои ја напишал.

– Тоа што луѓето живеат во ла жни животи, што се живее на социјални мрежи, што не се живее на улица со комуникација со луѓе не е мој проблем, тоа генерално секаде се случува.

„Какви се овие времиња” е песна балада која покажува една вистина, но постои и су рова вистина кој никој не сака да ја каже. Јас ја кажувам сур овата вистина, каква и да била, изјави Дарио за Бекстејџ.

Во последниов период иако е јавна личност и во секој случај народот се интересира за него, каде е и што прави кога е зад камерите, Дарио не се експонира премногу.

– Не дремам 24 саати на социјални мрежи. Затоа што не сум закачен од сабајле, не се сликам како доручкувам, каде одам на одмор, не се сликам селфиња по лифотви, купатила.

Тоа за мене лично е глупава работа, не мора секој да знае во секој момент каде си и што правиш. Еден нормален човек треба да има интима и свој приватен живот и поретко правам песни од време на време не сум толку нападен.

Денес ако не си нападен, ако не се наметнуваш, па дури и ако не си безо бразен како да не постоиш. Дојдоа дивите, ги избркаа питомите. Оние културните и воспитаните се некако на маргинитие

Но, нема секогаш да биде така, она што е нормално, природно и квалитетно ќе остане секогаш, објаснува Дарио за Сител Магазин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *