Груевски: Си мислам дека се уште не сме доволно зрели

  • By admin
  • октомври 12, 2022
  • 0
  • 198 Views

Како што е познато Македонија вчера го чесвуваше големиот празника 11 октомври, но како и многупати досега кога стануза збор за празник и неговото одбележување, не може да помина, а да нема некој прoпуст.

Страстите кои и онака овој период се актуелни дополнително букнаа по низа пропусти, намерно или не намерно за време на прославата.

Помеѓу многумината кои го честитаа и одбележаа празникот беше и некогашниот македонски премиер Никола Груевски кој веќе со години е преку границите.

Поранешниот прв човек и на ВМРО ДПМНЕ се огласи традиционално преку фејсбук каде што за разлика од она што сме навикнати беше краток и притоа порача:

Нека е честит 11 Октомври денот на народното востание и почеток на антифа шистичката бо рба !

Понекогаш помислувам дека треба да ни се случи нешто, како актуелните настани поврзани со толкувањето на историјата и (обидите за) нејзина промена па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

Но кога ќе се присетам дека грешките ги повторуваме, постојано и постојано, упорно и тврдоглаво, си мислам дека сеуште не сме доволно зрели.

Барем оние кои во моментот се мислат дека се најзрели само затоа што имаат приграбено моќ…со рок на траење. Едно зборат во пригодните говори, фб статуси и соопштенија, друго прават во реалноста.

Штом народот ќе си ја врати моќта…ќе созреат! Само шт етата и жрт вите во меѓувреме да се поблаги и помали.

Македонија ќе ги надживее и овие сатрпи, како што ги надживеа и оние кои исто така се чуствуваа и однесуваа во 1941 година! Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *