Голем потег на семејството Исмаили од Скопје: Низ солзи и емотивно за девојчето коа го вдомиле

  • By admin
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 11681 Views

Загубата на четири деца и минувањето низ тешка операција што ја спречи госпоѓа Мејмире да продолжи да работи, беа некои од причините што доведоа до одлуката за згрижување на дете.

На 23 февруари 2013 година, социјалните работници пристигнаа во нивниот двор држејќи двегодишно девојче, со мо дринки по телото, исп лашено и со лошо здравје.

Малото девојче ги поминалот првите две години од својот живот лежејќи во кревет, а остатокот од низ кој помина остана мистерија.

-Кога ќе се навратам многу ми е тешко и болно на тие моменти меѓутоа вистина е таа и мора да ја кажам. Детето беше неподвижно, не функционираше како што треба. Му вибрираше зеницата на очите, а за одење да не правиме муабет.

-Нити јадеше нити спише, ништо не функционираше кај нејзе. Мораш да најдеш начин да се адаптира и да осети блискост. Тоа таа не го најде ниту кај мене ниту кај сопругот. Директно се пушти кај син ми. Две години да внесуваш со шприц храна не е лесно. Но ова не е дека јас се жалам, туку само ви одговарам дека ме прашавте.

Две години ние се боревме секојдневно и дене и ноќ. Да го стабилизирам плачот нејзин. Да не ми беа мене соседите немаше да можам да дојдам до овој резултат и до овој успех“, вели Мејмире за Алсат М.

Сопругот на г-ѓа Мејмире, Алајдин Исмаил, вели дека луѓето често имаат предрасуди кон донесената одлука.

-Јас сум пораснал сираче. Кој пораснал сираче тоа го знае во срце. Не треба човек да гледа дали е богат или сирмов. Не е се до парите туку до човечноста и до срцето.

Кога ни дојде девојчето, ни дојде како едно светло. Ако даде госпот сакам со бел фустан да излезе девојчето од оваа куќа.

Дете за кое зборувавме како што дојде веќе го нема. Во дворот на куќата најдовме насмеана девојка која што сакаше да ги прегрне луѓето откако ќе им ја помириса косата.

Г-ѓа Мејмире рече дека и давале десетици прегратки на ден за девојчето да се чувствува сакано и топло во тоа семејство. Таа посакува секое семејство да преземе иницијатива да се грижи за напуштени деца, бидејќи секој заслужува да има семејство.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во земјата има 214 згрижувачки семејства, каде се сместени вкупно 387 деца. Разликата во возраста помеѓу негувателот и згрижената личност мора да биде најмалку 18, а најмногу 50 години.

Во Домот за деца без родители во Битола има 25 деца, од кои 18 деца имаат доцнења на психомоторниот развој.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *