Голем пад на цената на нафтата како што не се памети во последните две години

  • By klaster2
  • март 10, 2022
  • 0
  • 531 Views

Најактуелна тема деновиве е нафтата односно нафтените деривати и нивното зголемување до ,,небо”. Цената скокна до досега рекордни суми.

Но на берзите нафтата поевтини за дури 13 oтсто. Суровата брент-нафта изнесува 111 долари за барел. Ваков пад немало цели две години. Обединетите Арапски Емирати, соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта.

Снабдувањето од ОПЕК би можело да компензира за некои недостатоци во снабдувањето создадени од нарушување на продажбата на нафта од Русија поради економските сан кции.

САД бараат од компаниите поголемо производство на нафта и гас. Нафтениот кар тел OПЕК+ се среќава секој месец за да го разгледа договорот за зголемување на производството за 400.000 барели дневно.

Вчерашните мерки на Владата предвидуваат намалување на ДДВ за 8 процентни поени и 3 прага за намалување на акцизата.

Кога барел нафта ќе биде од 107 до 134 долари Владата ќе ја намали акцизата за 1 денар. Кога барелот ќе чини од 134 до 161 долари акцизата би паднала за 2 денари,

А тогаш кога барел нафта ќе отиде над 161 долари, што до сега не се случило, акцизата на горивата би се намалила за 4 денари.

Иако се уште не се донесени измените ние правиме математичка симулација за тоа колку би чинел денеска дизелот доколку овие мерки беа на сила.

Во моментов, според цените кои вчера доцна вечерта ги објави Регулаторна цената на литар дизел е 94 денари.Во оваа сума 64.16 денари се трошоците за самото гориво

Заедно со маржата на трговците и останатите давачки за животна средина, трнаспортни и складишни трошоци и задолжителни резерви.

На оваа сума во моментов се плаќа 15,5 денари акциза. Се тоа заедно чини 79,66 денари. Кога на ова ќе се додаде 18% ДДВ се добива денешната цена од 94 денари по литар.

Кога ќе се усвои вчерашниот предлог на Владата, според актуелната цена на суровата нафта акцизата би се намалила за 1 денар што значи цената без ДДВ 78,66 денари.

Кога на ова ќе се додаде новата даночна стапка од 10%, се добива крајна цена која изнесува 86,5 денари за еден литар дизел.

Опозицијата предложи друг модел. Тие бараат намалување на акцизата за 50%. За дизел горивото тоа е 7,75 денари помалку акциза.

Кога на оваа сума ќе се додаде 18% ДДВ тоа значи дека со нивниот предлог дизелот веднаш би поевтинил за 9 денари па крајната цена според предлогот на опозицијата би била 85 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.