Германците и симнуваат капа на Македонија: Нивните изјави доволно говорат се

  • By admin
  • април 1, 2021
  • 0
  • 1256 Views

Македононската фудбалска селекција го направи можеби најголемиот квалификациски подвиг во Дуизбург и со 1-2 ја совлада Германија на патот кон Катар. Избраниците на Игор Ангеловски покажаа дека со тимска игра, може да се слави и против најдобрите на светот.

За фактот дека Германија е еден од најголемите гиганти во светскиот фудбал, најдобро зборува нивната вредност. „Панцерите“ се четврта највредна селекција во светот, со вкупна вредност од неверојатни 942 милиони евра. Пред нив, милијардата ја пробиваат само Франција и Англија, а според „Трансфермаркт“ Бразил е трет со 951 милион вредност.

Највреден играч во ростерот кој го води Јоаким Лев е Џошуа Кимих, со пазарна вредност од 90 милиони евра, додека зад него е Марк Андре Тер Штеген со 75. Вредност од по 70 милиони имаат дури четворица Германци и тоа: Каи Хаверц, Леон Горецка, Лирој Сане и Серж Гнабри, а 65 вреди Вернер.

Тоа значи дека во составот на Германија има дури седуммина кои на хартија вредат повеќе од целата репрезентација на Македонија, бидејќи нашите играчи комбинираат збир од 61,75 милиони.

Јоаким Лев, селекторот на Германија, се најде на голем удар по поразот од Македонија (1-2) во квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2022 година. На конференцијата по мечот, стратегот на „панцерите“ изјави дека нашиот национален тим бил одлично поставен.

„Не игравме убаво, мислам дека тоа се виде денеска. Ова не беше добар ден за нас. Немавме брзина во топката. Додавањето беше катастрофално. Македонија одигра баш добар натпревар, беше добро поставена во одбраната и чекаше контра.

Не можевме да ги стопираме кога ќе тргнеа во контранапад. Имавме многу шанси, ама не можевме да дадеме гол. Мора да разговараме по мечот со сите, мора да вложуваме повеќе енергија на теренот.

Не знам што се случуваше со нашиот напад. Во клубовите играчите играат подобро, отколку за Германија. Тимо Вернер промаши голема шанса, ама тоа е фудбалот. Денес немаше добар меч“, изјави Лев.

За Германија ова беше прв пораз во квалификациите, по две победи во низа. Македонија ја забележа

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, како и многумина во неговата земја остана без зборови по денешниот дуел меѓу Германија и Македонија.

69-годишникот, кој работи како фудбалски аналитичар во „РТЛ“, испрати критика за некои од одлуките на селекторот Јоаким Лев.

„Целата моја еуфорија испари, особено ако однапред претпоставувавме дека оваа средба против Македонија ќе ја добиеме релативно лесно. Јас сум без зборови.

Не разбирам зошто правевме промена на системот на игра, по двата успешни натпревари на стартот од квалификациите. Јас не би го направил тоа. Мислам дека Томас Милер добро би дошол во вакви моменти. Тој е фудбалер кој секогаш знае да се снајде во противничкиот казнен простор и да донесе правилна одлука“, смета Хенес.

Пандев искористи една невнимателност на одбраната, а по продорот на Адеми, асистенцијата за победа ја круниса Елмас, за шок на германската репрезентација.

Македонија со две победи и еден пораз ги започна тековните квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Победата на Македонија против Германија одекна насекаде во светот. Избраниците на Игор Ангеловски постигнаа фантастичен резултат на меч на кој речиси сите ги отпишаа.

Пандев донесе рано водство, потоа Гундоган израмни од пенал, за на крај Елмас да стави крај на убавата фудбалска приказна на македонската репрезентација.

Поразот го призна поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер. Тој на социјалните мрежи напиша:

„Почит за Македонија, несреќен пенал против нив, чист пенал недосуден и овие дечки победија на гости против четирикратен светски првак!“.

Илкај Гундоган денес за прв пат ја доби капитенската лента за денешниот меч, а тоа го прослави со погодок. Сепак, Македонија на крајот херојски ја доби Германија (1-2), па Гундоган нема по добро да го памети овој натпревар. Како капитен, тој се обрати до јавноста на прес-конференцијата.

„Знаеме дека не смееме да губиме натпревари како овој. Примивме голови на ужасен начин. Ова не беше тоа што се очекува од нас и нема објаснување за случувањата. Имавме шанси, а дадовме само еден гол. Не изгледавме добро на теренот, два пати ни даваа гол бидејќи имаа слободен играч во шеснаесетникот. Мораме да се вратиме во топ форма до крајот на мај“, изјави капитенот Гундоган.

Погодокот на ѕвездата на Манчестер Сити беше недоволен, па Германцијте загубија со головите на Пандев и Елмас во Дуизбург.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *