Германската влада од 1 август планира воведување нови мерки за влез во државата

  • By admin
  • јули 30, 2021
  • 0
  • 1148 Views

По долгиот локдаун, кој траеше со месеци, еден дел од Европа повторно се радува на патувања. Без разлика на делата сојот на коронавирусот, туристите можат да патуваат барем во границите на ЕУ и во Шенген зоната без големи препреки.

Меѓутоа, треба се земат во предвид неколку работи ако сакате да влезете во Германија. Бидејќи, новата одредба е на сила од 28 јули. Во основа само се продолжени условите за влез, кои владата ги усвои на почетокот на јули. Сега тие важат до 10-ти септември.

Оној кој сака да патува во Германија прво мора да се информира дали земјата од која доаѓа во Германија е класифицирана како риз ично подрачје.

Ако е тоа случај, мора да се пополни дигитална регистрација за влез. Освен тоа, патниците мораат да покажат негативен тест на Ковид-19, доколку не се вакцинирани, или во последните 6 месеци не ја прележале инф екцијата. Во тој случај повратниците од одмор не требаат да бидат во карантин.

Од 1 јули во ЕУ е во употреба и дигиталниот пасош за вакцинација. Тој го олеснува влезот во Германија како и посетата на манифестации. Податоците за вакцинирањето, тестовите или прележаната болест тука би требало да бидат брзо и едноставно достапни.

Поради ширење на Делта сојот во Европа, германската влада планира од 1 август да воведе општ задолжителен тест. Во тој случај сите кои влегуваат во Германија, без разлика од која земја доаѓаат и без разлика со какво превозно средство, мораат да направат тест.

Досега тоа важеше само за оние кои доаѓаат од ри зични области, области во кои се раширени новите соеви на вирусот, и за сите оние кои во земјата пристигаат со авион. Излечените и вакцинираните лица, според наводите на Министерството за внатрешни работи, би требало да бидат исклучени од задолжителното тестирање.

Со воведување на задолжително тестирање би можела да биде укината категоријата т.н. едноставни ризични области, со седумдневна инциденција над 50, а под 200 заразени. Но, досега немаше никакви конкретни одлуки на владата.

На почетокот на јули веќе се укинати предупредувањата во т.н. едноставни ризични области. Во таа смисла Министерството за надворешни работи не предупредува експлицитно на патувања во тие земји, но замолува за „посебна претпазливост“. Така за оние кои се враќаат од тие области не важи задолжителната дигитална регистрација при влез и тест, освен за оние кои доаѓаат со авион.

Предупредувањата за патувања во одредени области важи дури кога седумдневната инциденција ќе надмине 200 заразени, и во областите во кои е широко раширен опасниот Делта сој. Во Европа во овој момент нема многу подрачја со соевите на вирусот.

Меѓутоа, Институтот Роберт Кох во меѓувреме ги класификуваше како области со висока инциденција омилените германски туристички дестинаци: Шпанија, Португалија, Холандија и Велика Британија.

За сите патници и повратници од одмор од овие земји важи задолжителен 10-дневен карантин, кој може да заврши по 5 дена со негативен тест. Вакцинираните и излечените не мораат ни да се тестираат ни да одат во самоизолација. Инаку, во овој случај за децата важат истите правила како и за возрасните.

Со оглед на тоа дека децата и младите по правило сѐ уште не можат да бидат вакцинирани, по враќањето од областите со висока инциденција, односно оние во кои е раширен некој од соевите на вирусот мораат да бидат во карантин.

Со новата одредба од крајот на јули, исто така, ќе важат и поедноставените правила за влез во Германија за туристи од области каде што се распространети варијантите на коронавирусот. Листата на институтот Роберт Кох (заклучно со 28 јули, 2021 година) вклучува 11 земји во Африка и од Латинска Америка, вклучувајќи ги Намибија, Јужна Африка и Бразил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *