Германската амбасада во Скопје со известување за сите што планираат да аплицират за визи

  • By admin
  • јуни 25, 2021
  • 0
  • 10282 Views

Амбасадата на Германија во Скопје преку својата официјална страна излезе со соопштение до јавноста во кое се вели следново.

Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во си ла последователнa регулатива на таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ (§ 26 став 2 од Правилникот за вработување).

Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација.

Последователната регулатива важи до 31.12.2023 година. Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување.

Сојузната влада ги укина сите ограничувања за влез за лица резиденти во Северна Македонија, со важност од 20.06.2021. Со тоа е можно повторно да се обработат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулатива за Западен Балкан.

Термини за аплицирање за виза според оваа нова регулатива ќе се доделуваат за секој месец посебно. Оттука, подолгото време на чекање како во минатото отпаѓа.

Секој месец (на почетокот на јули) ќе се отвора листа на чекање за термин за следниот месец. Датумот на отворање на листата на чекање може да се менува од месец во месец. Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека доколку има голема побарувачка може да се случи евентуално сите заинтересирани од еден месец да не добијат термин. Во тој случај, следниот месец имате повторно можност да се регистрирате.

Во случај да сте се пријавиле за термин во рамките на регулативата, која важеше до 31.12.2020 г. Ве известуваме дека Вашето барање за термин не може да биде земено во предвид и мора повторно да се регистрирате за термин.
поопширни информации…

Подготвување на барањето за виза и закажување термин

Нова категорија за термин: Доколку веќе се регистриравте за термин, Ве молиме да проверете дали ќе треба да се пререгистрирате во една од новите категории на термин.

Со стапување во си ла на новиот Закон за доселување на стручна работна сила (FEG) на 01.03.2020 година, воведовме нови категории на термини со цел да го скратиме времето на чекање за апликантите, кои поднесуваат барање за виза според новиот закон FEG.

Општи информации Законот за доселување на стручна работна сила (FEG) им го олеснува пристапот на германскиот пазар на работна сила на стручниот кадар од сите бранши од државите кои не се членки на ЕУ, но имаат признато т.е. еквивалентно високо или стручно образование во Германија.

За лицата со признато и еквивалентно високо образование во Германија, не се менува ништо. Меѓутоа, доколку сакате со вашето стручно образование да работите во Германија, ќе треба од 01.03.2020 претходно да започнете постапка за признавање на еквивалентноста на стручното образование во соодветна служба во Германија.

Проверете во датотеката Anerkennungsfinder дали во Германија може да се признае еквивалентноста на вашето стручно образование.

Започнете постапка за признаввање на еквивалентноста на стручното образование во Германија. Можете да покренете забрзана постапка за признаввање на еквивалентноста на стручното образование.

Регистрирајте се за термин за поднесување барање за виза во Германска Амбасада во Скопје, откако постапка за признавање на еквивалентноста на стручното образование ќе биде завршена.

Дополнителни информации можете да најдете во информативните листови на нашата веб-страна.

Треба да ги отпочнете подготовките на Вашето барање веднаш штом ќе планирате долгорочен престој во Германија. Целата визна постапка може да трае и неколку месеци.

Подгответе се на следниот начин:

Пополнете го образецот за барање на виза онлајн на следниот линк и донесете по два примерока на Вашиот термин или користете го формуларот кој може да го најдете на германски и на македонски јазик тука.

Соберете ги другите потребни документи. Некомплетна документација може да доведе до одбивање на барањето. За секоја намена на Вашиот престој Ви составивме соодветен лист со упатства:

Приклучување кон семејство

Работни визи

Останати видови на визи

Закажете термин за поднесување на барањето

Овде, во секое време, имате можност да се регистрирате во списокот со термини. Секогаш се доделува најраниот можен термин. Ве молиме во рубриката „ Zweck des Aufenthalts” (целта на престојот) внесете ги податоците за занимањето, кое планирате да го извршувате во Германија.

Резервацијата на терминот од страна на трети лица, а не од Вас лично, не е потребна и е бесмислена.

Кога ќе се регистрирате за термин, имате можност да одберете меѓу повеќе јазици. Ако сакате електронскиот одговор на Вашето барање за термин да биде на македонски и/или англиски јазик, тогаш одберете ја англиската верзија при регистрирање за термин.

Ако сте ја одбрале германската верзија, електронскиот одговор односно потврдата за Вашата регистрација ќе го добиете на албански и германски јазик.

Откако се регистриравте во списокот, во рок од 30 минути ќе добиете првична потврда по електронски пат со други информации за постапката и повикувачки број. Откако Вашиот термин ќе биде утврден, автоматски ќе добиете известување за точниот термин за поднесување на визното барање (потврда на терминот).поопширни информации околу времето на чекање/

Ве молиме да резервирате само ЕДЕН термин по лице! Во случај на повеќекратно резервирање термин за едно лице, истото ќе биде избришено од списокот со термини!

Списокот е поделен на:

– Работна виза според таканаречената регулатива за Западен Балкан;

– Виза за приклучување кон семејството (брак и деца кон родители);

– Виза за Сина карта/ЕУ, стипендисти, студенти и средно стручно

образование (различни занаети)

– Виза за квалификувани работници, чии професионални квалификации се веќе признати во Германија.

Внимание: Несериозни визни агенции! Амбасадата не соработува со посредници или агенции. Особено тие немаат посебен пристап кон доделувањето на термини.

За постапката се плаќа исклучиво визната такса, која ја наплаќа Амбасадата. Обрасците и упатствата како и резервацијата на термините се бесплатни.

Покрај тоа, нашето дипломатско претставништво во моментот не соработува со надворешен понудувач на услуги во врска со примање на барања за виза.

Важна напомена:

Ве молиме да не испраќате документи до Визниот оддел кога тоа не се бара од Вас, а особено не пред да се поднесе барањето. Овие документи не може да се чуваат или сортираат во амбасадата. Ве молиме секогаш целосната документација да ја донесете на Вашиот термин.

Поднесување на барање

За поднесување на барањето треба да дојдете лично на закажаниот термин во Амбасадата. Амбасадата ќе ги прими комплетните документи како и таксата, ќе Ви постави прашања за планираното патување односно престојот, ќе Ви земе отисоци од прстите и ќе ја скенира Вашата фотографија.

Обработка. Амбасадата го проверува Вашето барање и одлучува во однос на него. Притоа се проверува дали Вашето барање одговара на правните предуслови. Таа проверка, зависно од намената на Вашето патување односно престојот, може да трае и до три месеци.

Веднаш кога ќе се одлучи по Вашето барање, Амбасадата ќе стапи во контакт со Вас. Ве молиме за разбирање што прашања за статусот на Вашето барање за време на обработката нема да бидат одговорени. Исто така важи: одговори ќе добие само подносителот лично, неговиот законски застапник или од него писмено овластеното лице.

Враќање на пасошот. Пасошот може да се подигне само лично од подносителот на барањето.

Доколку Вашето барање за виза биде одбиено, може да има различни причини. Тие причини се наведени во решението за одбивање.Можете во секое време да поднесете ново барање кое содржи целосни и проверливи документи.

Среќен пат! Упатства за лица кои поседуваат виза

Кога сите податоци на Вашата визна етикета се коректни, нема пречка за Вашето патување. Ве молиме да ги проверите податоците веднаш откако ќе Ви биде вратен пасошот. За евентуални грешки би требало веднаш да не информирате за да Ви издадеме нова виза.

Визата содржи Вашето цело име и презиме, Вашиот број на пасош и Вашата фотографија. Наведени се деновите на престојот и траењето на важноста на визата, значи временскиот период, кој Ви стои на располагање до добивање на Вашата дозвола за престој во Германија.

Затоа не заборавајте директно по Вашето влегување во Германија да се јавите во Управата за пријавување жителство и да закажете термин во Управата за странци. Со влезната виза може да патувате во шенген-земјите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *