Германската амбасада во Скопје денес се огласи до сите Македонци што сакаат виза

  • By admin
  • септември 30, 2021
  • 0
  • 9442 Views

Од ден на ден се повеќе расте интересот за работни визи во Германија, па поради тоа што сите заинтерисрани не можат да дојдат на ред, како што е познато пред десетина дена се огласија од германската амбасада:

Почитувани дами и господа, драги пријатели на Германија, изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан.

За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата:

Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд.

Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи.

Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика.

Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас.

Денес повторно се огласија од Германската амбасада во Скопје каде што напишаа:

Листата на чекање на термин за таканаречената Регулатива за Западен Балкан за месец ноември ќе биде отворена за регистрирање на 05. октомври 2021 г. во 11:00 часот.

Ве молиме имајте во предвид дека по исполнувањето на месечниот контингент, листата ќе биде затворена.

Доколку не сте во можност да се регистрирате за месец ноември, тогаш имате можност да се регистрирате во наредниот месец за декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *