Од ден на ден поскапуваат продуктите, услугите, сите дејности, а една од нив се и нафтените деривати кој се до сега на највисока цена во последните години.
Бензинот од 95 октани се продава за 82 денар по литар, што значи дека ја премина цената од 80 денари, додека бензинот од 98 октани се продава за 84 денари по литар.
Еуродизелот чини 74 денари, додека нафтата за домаќинствата 73 денари по литар. Се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.
Но овој бран не ја зафати само нашата земја. Земјата каде што има многу Македонци, Австрија бележи рекорден пораст на нафтените деривати.
Така, литар дизел со просечна цена од 1,477 евра достигна ниво кое досега не е забележано во Австрија, бидејќи ја надмина рекордната цена од 2012 година за 0,4 центи.
Супер горивото „недостасува“ уште седум центи за да достигне рекордни 1,545 евра за литар. Австрискиот авто-мото клуб OeAMTC проценува дека овој рекорд би можел да биде собо рен уште оваа недела.
– Дополнителен данок на CO2 во износ од 30 евра за тон, ќе ја зголеми цената на горивото од јули па натаму – посочува експертот на OeAMTC Никола Јуник.
Но, за големиот скок на цената на нафтените деривати првенствено е вин овна рекордната цена на нафтата на светската берза.
Така, на пример, Брент чини повеќе од 92 долари за барел, што е цената што последен пат беше забележана во 2014 година.
Од крајот на 2020 година до денес, цената на бензините скокна за повеќе од 39%, а на дизелот за дури 42%, што особено се одрази на џебот на корисниците.