Без сомнение емисијата Срце на дланка со секоја нејзина нова епизода прераснува во една од најгледаните тв проекти на нашите простори.
Оливера Петрушевска која е уредник и водител на емисијата Срце на дланка реши да се обрати јавно и да порача:
Пот-ресна сторија за сиромаштијата: Низ невините детски очи го гледам светот каков што би требало да биде.
Оваа порака ја испраќаме на коментарите на социјалните мрежи: “Зошто се помага на нив? “Тие не заслужуваат никаква ПОМОШ!
“Нека ст-радаат заедно со нивните ДЕЦА! ”
Веќе две недели од започнувањето на втората сезона на Срце на дланка. Немам зборови со кои можам да го изразам задоволството од хуманоста и емпатичноста на нашиот народ.
Народ тука и надвор од границите на земјава. Народ кој и досега покажувал дека има срце, дека знае да помогне ако некому му е потребна помош.
Со право можам да кажам дека сме НАЈХУМАНИОТ народ. Ми се смирува душата кога ќе погледнам колку сме сложни, обединети. Наспроти сите случувања кај нас, убави и помалку убави.
Во емисијата се пријавуваат луѓе, поединци, семејства, многу-детни фамилии, жр-тви на семејно нас-илство. Лица на кои им е потребна помош за лекување во странство, луѓе на кои им треба покрив над главата.
Луѓе кои со 20 м2 чиниш ќе им го подариш целиот универзум. Луѓе кои не вкусиле леб и топол оброк со години. А, сепак би го замениле само за еден убав збор или прегратка.
Само да знаат дека сеуште вредат. За да им се врати она што одамна го изгубиле, егото и самопочитта. Луѓе кои останале без работа само зашто не легално од работното место земале четврт леб и паштета за да однесат на гладните детски усти.
Секогаш додека ги снимам фамилиите си разговарам со себе. Си велам: Па, и јас би го направила истото!
Дали знаете што значи за дете да пишува домашна работа на улично светло. Да го нема фустанчето што со месеци го гледа на излог, а, чини само 150 денари.
Дали знаете што значи дете да нема пробано чоколадо откако е родено, додека околу него деца имаат и од пиле млеко. Бол-но е. Да можам во тој момент парче од душава ќе отк инам и ќе им дадам да можат со тоа да ги подмират желбите и потребите.
Зашто во тие невини детски очи можете да го видите светот каков што требало да биде!
И, не е лесно да се стави срцето на дланка и целиот свет да го пуштиш да влезе во твојот живот.
Знам колку им е тешко на луѓето да се отворат. Да си ја соголат душата. Зашто таа е единствената што ја имаат во тој момент.
Со некој учесник и часови и денови ми требаат за да дојдам до точка на отворање. Милостината подеднакво го пон ижува и оној што ја прима, исто како и оној што ја дава.
Животот е непредвидлив. И на нас ни се случило да имаме подеми и падови. Секому може да му се случи. И, јас лично познавам луѓе, соседи пријатели кои се заглавени во станбени кредити, брзи кредити, луѓе кои живеат живот под хипотеки….
Времето не е стабилно..Состојбата во светот не е стабилна. Луѓето само мислат дека тоа е најдобар начин да се снајдат и преживеат во моментот.
Веќе не живееме ниту за утре. Живееме за денес и сега. Зашто не знаеме дали ќе го дочекаме утре. И се случува тоа! Се губат.. Тонат…
Во жива кал.. Се дават во сопствената сиромаштија. Па, како и давеник што се фаќа за сламка, така и тие се принудени на се.
Но, ние не сме тие кои можеме и смееме да ги обв инуваме. Или истражуваме како дошле до тоа дереџе..
Па, зарем зат ворениците кои направиле кр иминален чин се оставени без вода и храна во зат ворите. Не!!! И тие се луѓе! Сите сме луѓе! Сите грешиме!
Но, не смееме да судиме! Секое искуство нека ни биде нов предизвик во иднината, и да им простиме на луѓето за нивните грешки во минатото. Бидејќи и ние можеме да згрешиме.
Ако можеме да помогнеме, во ред, ако не, да не одмагаме на луѓето на кои и онака им е тежок животот. Зашто, да се биде без пари е минлива состојба: да се биде сиромашен е состојба на духот!
Ве охрабруваме да се пријавите во емисијата “СРЦЕ НА ДЛАНКА на телефонскиот број ” 075/304405 или на социјалните мрежи на фејсбук, инстаграм и твитер.