(ВИДЕО) Џенан Лончаревиќ препеа македонска песна – се огласија нашите музичари со реакција

  • By admin
  • август 6, 2022
  • 0
  • 343 Views

На почетокот на летото на македонската музичка сцена како освежување се појави песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која доведе бројни позитивни реакции и коментарите, е токму она што публиката го очекуваше од момците.

Песната, односно музиката и текстот и овој пат се со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски, додека зад аранжманот стои Џамбо Агушев, кој со својот оркестар всушност и е дел од целата оваа приказна.

Видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе и пријатели на ДНК, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски -Ѓуле, монтажа и боја.

Во реализацијата на спотот учествуваа многу наши пријатели, колеги, идоли од детството, кои без збор се согласија да се појават во оваа весела видеоприказна, која за нас е едно од поубавите искуства во кариерата.

Насловот на песната „Ако утре ме нема“ е симболичен, бидејќи животот стана многу неизвесен и не знаеме утре што ќе биде. Се надевам дека доста ќе се слуша и ќе донесе добро расположение, изјави при тогашната промоција Панчо.

Овојпат песната доби и српска верзија откако очигледно и музиката и тексто го привлекле Џенан Лонџаревиќ.

Од ДНК преку својата официјална фејсбук страницата се обратија до своите фанови со реакција во која што се вели:

Друштво, можеби ќе ви биде чу дно и ќе бидете изненадени од нашата објава, но дојде моментот да ви најавиме дека нашиот последен сингл “Ако утре ме нема” доби српска верзија препеана.

Од легендарниот српски поп / фолк пејач Џенан Лончаревиќ кој е омилен кај македонската публика и познат по честите настапи низ државата.

Препевот го направи добро познатиот црногорски шармер Сергеј Ќетковиќ, а ваше е да ја преслушате, уживате и да си имате две верзии, па кој како милува така да си ја слуша.

Нормално напишете како ви се допаѓа неговата изведба. Имајте убав и безбеден викенд.

И пејачот Владимир Блажев Панчо се огласи на својот профил на фејсбук по повод ова и притоа напиша:

Друштво, “Ако утре ме нема” доби српска верзија испеана од легендарниот поп / фолк пеач Џенан Лончаревиќ а препевот е на Сергеј Ќетковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *