(ВИДЕО) Тешко е за гледање: Жителите во делчевско бегаат и се евакуираат од своите домови

  • By admin
  • август 5, 2021
  • 0
  • 6663 Views

Според последните податоци во земјава шумски пожари од помал и поголем обем има во Битола, Стумица, Штип, Радовиш, Валандово, Прилеп на две места Кратово и Куманово додека оние во околината на Пехчево и Делчево се најголем.

ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ.

-ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша Ленарчиќ на Твитер.

Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

Во пехчевското Нов Истевник во Балабанско маало во моментов е најтешко. Таму огнената стихија зафатила една од куќите заради што се усмеруваат хеликоптерите кои се во тој реон да им помогнат на пожарникарите да ги спасат останатите куќи. Заради огнената стихија во прекин е и патот Пехчево Делчево.

Пробл ематична е состојбата се уште и во Пехчевскиот регион. Цела ноќ се спасувале куќите во село Умлена. Локалните земјоделци и во овој момент се само организирани и кој со што може гасат онаму каде ветрот повторно го разг орува.

Доказ за тешката ситуациај во овој крас е и последните снимки кои кружат на социјачните мрежи а на кои се гледа како жителите забрзано и некој со трчање бегаат од селото пред налетото на пламените јазици.

Жителите од реоните во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Поради тешката состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се доведат во прашање човечки животи.

Градоначалникот на Општина Делчево потенцира дека е неопходна евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.

Видеото од евакуацијата може да го погледнете на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *