(ВИДЕО) Митко Јанчев се пофали: Кавадарци како никој друг град ја дочекува вакцинацијата

  • By admin
  • мај 2, 2021
  • 0
  • 1215 Views

Како што е познатоВелигденските празници ја паузираа вакцинацијата против вирусот. Изминатите четири дена не работат вакциналните пунктови, а од вторник продолжува помасовна имунизација на населението.

Кинеските вакцини кои притстигнаа во земјава се чуваат во т.н. ладна соба во поликлиниката „Јане Сандански“. Од денес ќе почне дистрибуцијата во сите градови низ земјава.

Освен во големите спорстки сали, паралелно граѓаните ќе може да се вакцинираат и во здравствените домови. Се очекува дневно да се вакцинираат по 10.000 лица.

„Вакцината е веќе подготвена, таа е со игла и со шприц, значи во шприцот е веќе самата вакцина и ќе биде многу полесно за разлика од другите вакцини како на пример Фајзеровата која што треба да биде на високи минусни температури, па да се одмрзне половина час, а кај кинеската ќе оди многу полесно и поедноставно затоа што е веќе припремена и веднаш ќе се аплицира кај граѓаните“ – вели д-р Виктор Исјановски – Директор на Здравствен дом – Скопје

Здравствените власти очекуваат на почетокот на летото да има висок процент на население коешто ќе биде вакцинирано што ќе придонесе до целосно менување на епидемиолошката состојба.

Досега се вакцинирани над 70.000 со вакцините на Фајзер, Спутник и Астра Зенека и засега не се регистрирани никакви посериозни реакции.

Според Филипче, пунктовите за вакцинација се веќе подготвени. – Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10.000 и 15.000 илјади, најави министерот за здравство.

Од вторник се очекува да започне масовната вакцинација со 200 илјади кинески вакцини кои покрај во Скопје ќе бидат дистрибуирани до големите вакцинални пунктови уште во 6 градови во државата Битола, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид и Тетово.

Првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев доцна синоќа преку својата фејсбук страна се пофали дека се потрудил подготовките за вакцинацијата да бидат што подобри.

Слободно може да кажеме дека Кавадарци ја дочекува вакцинацијата како никој друг град во државата, а за што станува збор, Јанчев објасни:

-Kавадарци е подготвено за масовната вакцинација во регионалниот пункт кој се наоѓа во СЦ Јасмин.

Освен овие информативни портали, поставени се и знаци кои ја покажуваат локацијата на пунктот за граѓаните од останатите општини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *