(ВИДЕО) Диџеј Мац на својот настап во Радовиш со емотивен потег во чест на Викторија Николова

  • By admin
  • февруари 17, 2022
  • 0
  • 597 Views

Марјан Петровски или во јавноста познат како диџеј Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш прави хумани дела. Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави.

Мац, кој e по професија лаборант, поради состојба со вирусот во музичката индустрија ѝ се врати на својата примарна професија.

Лаборант сум добри десет, единаесет години. Потоа, пред шест години се повлеков од медицината, бидејки музиката многу ме исполнуваше и навистина одлично се чувствував, бидејќи нели најубавата работа е онаа која ја сакаме најмногу и не исполнува премногу“, кажа во едно интервју и додаде

-Но ете , пандемијата си го направи своето. Една врата ми се затвори но друга ми се отвори, и ѝ се вратив повторно на медицината, бидејќи тоа го знам, тоа го учев, секако дека и медицината е дел од мене и секако дека си ја сакам многу.

Едноставно немав избор, и ете така требало да биде. Овој долг период кој веќе трае и не можам да пуштам музика, ја заменив со бо цкање“.

Пријателите, а и оние кои не го познаваат, а само го следат на социјалните мрежи, го засакаа поради неговиот оптимизам.

Викендов Диџеј Мац имаше настап во локал во Радовиш кој започна несекојдневно за негов, а за тоа имаше силна причина:

„И после 3 месеци и 5 месеци да дојдев во Радовиш ќе започнев вака. Најмалку што можев да направам за тебе е да те испочитувам.

Бидејќи ти беше дел од моите забави во Радовиш и немаше пропуштена ниедна, во твоја чест Вики забавата започна со твоја омилена песна.

Поч ивај во мир, со почит од Дџ Мац. – напиша тој и сподели видео.

Посветата беше за младата 24 годишната Викторија Николова која пред неполн месец го заврши својот живот во близа на „Сити мол“ додека минуваше пешачки премин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.