Весна од Куманово: Доаѓа ситуација кога немаме ниту за леб, па ќе се напиеме вода и ќе си легнеме

  • By klaster2
  • јуни 19, 2022
  • 0
  • 355 Views

Весна и Душко Стефановски се брат и сестра по потекло од Куманово. Весна на прсти може да ги изброи моментите кога била среќна и се насмевнала.

Воопшто немала среќа во двата брака. Доживувала буквално се, од црнило во црнило, од лошо во полошо, а децата била приморана да ги даде во дом.

Таа се грижи за својот брат и сестра кои не се способни сами да се грижат сами за себе и уште од мали се оставени сами на себе.

Со минималните 2.800 денари што ги зема не може ниту основното да го приушти на своите најблиски, а камоли за нешто повеќе, па така својата приказна ја раскажува пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Имавме колку толку пристоен живот но откако татко ми замина од овој свет а мајка ми не сакаше да се грижи за нас ние останавме сами.

– Јас немав среќа со браковите, едниот ме малтре тираше а другио замина прерано од овој свет а поради немаштијата децата ми ги однесоа во дом за деца без родители.

– Многу ми е тешко поради тоа но сега давам се од себе братот и сестрата да ги исправам колку што можам бидејќи тие се неспособни сами да се грижат.

– Сестра ми Благоротка беше присебна личност, добро и одеше школувањето, но еден ден беше на гости и ставија нешто во пијачката и од тој ден таа залегна и пси хички не е истата, може само да ползи.

– Сме дошле во ситуација да просиме, да молиме за парче леб, срцето ми се пар чи, кога ги гледам братот и сестрата во таква ситуација.

– Доаѓа ситуација кога немало ниту за леб и сол, ќе се напиеме вода и ќе легнеме на спиење, вели искрено Весна пред објективот на ,,Срце на дланка”

– Цели пет години ги поминавме по контејнери, чекавме некој да закачи кесе со леб и тогаш ние бевме среќни, додава Весна.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да ја види светлината на дено тоа може да го направите на телефонскиот број 077 912 788 или на трансакциската сметка 300097114487778

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *