Венко Филипче се огласи пред полноќ и сподели убава вест

  • By admin
  • јуни 10, 2021
  • 0
  • 1041 Views

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 рече дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата.

Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто, кажа министерот Филипче.

Тој очекува на почетокот на септември да биде вакцинирано 60 отсто од населението, што е сосема доволно да имаме одреден имунитет. – Треба да се вакцинираат 1.200.000 лица.

Кај нас се вакцинирани 50 отсто од оние кои се над 70 години, а 42 проценти од лицата над 65 години. И така беше предвидено во Националната стратегија за имунизација.

Во овој момент, за вакцинација чекаат уште 180.000 граѓани. Од нив, 40 отсто се над 60 години и тие ќе бидат први вакцинирани, изјави Филипче.

По гостувањето во емисијата, Филипче пред неколку часа се огласи на фејсбук каде што напиша:

-Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш.

Неуморниот Венко вечерва, нешто пред полноќ повторно се огласи преку својот профил на фејсбук и притоа истакна:

-Доцна вечерва во 23 часот медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44 годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна см рт.

Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.

Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка. Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година.

Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *