Вело Марковски не му премолче на Филипче, па му возврати: Ти си најголемиот антиваксер

  • By admin
  • април 10, 2021
  • 0
  • 27810 Views

Вчера, министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека обвинувањата на опозицијата за справувањето со кр изата не се издржани. Потенцираше дека членови на ВМРО-ДПМНЕ шират антивакцинална кампања.

„Некои членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено пристапуваат во јавноста и зборуваат нешто што иде во прилог на антивакцинална кампања.

Тие изразуваат сомнеж во вакцините, во нивниот квалитет и општо во целиот овој процес“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Како пример, тој го наведе докторот Вело Марковски, кој во изминатиот период имал тези кои може да го загрозат јавното здравје.

„Еве денес опозицијата започнала кампања, налик на таа во Велиа Британија, само што таму цртаат црвени срциња на кејот на реката Темза, а овде црни срциња, со што сакаат да ќарат политички поени на сметка на починатите од пандемијата.

Токму тоа ќе го зголеми ентузијазмот кај нас за секојдневна борба за унапредување на здравствениот систем“, посочува Филипче.

Обвивувањата на опозицијата не се темелат на ништо издржливо. Само лаги и кле вети. Некои членови на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања.

Конкретно докторот Вело Марковски, нешто што е незамисливо за докторската фела. Тој ја спори безбедноста на вакцините. Тоа може да го загрози јавното здравје, рече Филипче.

„Човекот кој не успеа да купи ниедна вакцина, кој поради не вакцинирањето во јануари/февруари како што направија најголемиот број на држави во Европа и сите во соседството е дирекно одговорен за загубата на неколку стотини луѓе.

Тој само пред две недели со неговиот тим јавно пушти теза дека брза кучка слепи кучиња раѓа (алудирајќи дека намерно не се набавуваат вакцини за да ги видиме искуствата од други земји), министер кој изјави дека прележувањето на вирусот не дава антитела е најголемата анти пропаганда на вакцинацијата.

Не купил ниедна вакцина ама бара анти ваксери како во приказната со немесениот зелник. (мајката му уд ира шамар на детето кое ќе скршело големо парче од зелникот кој ќе го меси).

Министер кој пред 10 дена тврдеше дека нема потреба од никакви мерки бидејќи вирусот е премногу проширен а и кај да е за 6-8 недели ќе се повлече, а после по одложувањето на пописот го прави спротивното, ја стави целата наука во служба на политиката“ кажа Вело во изјава за „Фокус“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *