Бугарите ептен се фатија за Македонците со нивен пасош – пристига уште едно барање за одземање

  • By admin
  • септември 16, 2021
  • 0
  • 10043 Views

Сите со бугарски пасоши да се декларираат како етнички Бугари, се бара во писмо испратено до бугарскиот претседател Радев и пратениците.

Во напишан текст со печат од Бугарската фондација „Македонија“, а до кој дојде телевизија 24, е испратено барање до бугарскиот државен врв за поддршка и притисок врз оние граѓани во Македонија кои земале бугарски пасоши.

– Како што знаеме од изнесеното на министерството за правда на Бугарија околу 120 илјади се бугарски граѓани кои се родени во Република Северна Македоија.

Тоа се наши сонародници кои учествуваат во пребројувањето на население во РСМ. Сметаме дека секој еден од нив треба да се декларира како етнички Бугарин, бидејки секој од нив добил бугарско државјанство на база на бугарски корени и тоа е декларирано врз база на неговата национална самосвест.

Според бугарски дипломатски извори, во Софија се повеќе расте нервозата околу попишувањето во Македонија и многу е веројатно резултатот од пописот да не биде признаен од Бугарија. Во исто време зак ани и апели се упатуваат по социјалните мрежи до граѓаните со бугарски пасоши.

Телевизија 24 денеска го контактираше и поранешниот конзул на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев, кој тврди дека на пописот во Македонија досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани . Анчев бара да им се одземат пасошите на оние кои добиле државјанство а не се изјаснуваат како Бугари.

– Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лиш ило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје.

Сите тие баратели на пасош кои не мора да ги наречам Бугари, пред нотар, се декларирале дека имале бугарска свест и пополниле декларација со неточни податоци, што пак потпаѓа под членот 313 од Кри вичниот законик на Бугарија. – изјави Иван Анчев екс конзул на Бугарија.

Директорот на државниот завод за статистика Симовски пак изјавата за податокот за оние кои се изјасниле како Бугари во Македонија ја оцени и нарече „чиста глупост” .

Апостол Симовски директорот на Државниот завод за статистика – Мислам дека таква изјава не заслучува коментар. Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице

Во овој период и во Бугарија се одвива електронски попис на населението. Имињата на стотици македонски државјани со двојни државјанства може да се појават и на двата пописи, поради тоа што се пријавени со адреса на живеење и во двете земји.

Веќе е познато дека улицата Леге во Софија е дом на над 45 илјади странци, од кои најголем број се Македонци со бугарски државјанства.

Извор: Телевизија 24

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *