Бројни одложувања и откажувања на летовите од и до Германија – познато од кои причини

  • By klaster2
  • март 14, 2022
  • 0
  • 416 Views

Како и во Македонија така и низ целиот свет животот станува се поскап и цените на продуктите, па и оние најосновните е зголемен.

Сепак Германија, земја каде што има многу нашинци излезе со предлог мерки за да се спречат конкретно високите цени на горивата.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер најавува дека владата „наскоро“ ќе донесе одлуки во врска со многу зголемените цени на енергијата и горивата.

Потребни се „брзи и флексибилни решенија“, вели Линднер и оценува дека државата не смее да ги остави луѓето сами во кри зата. Пакет мерки за олеснување на товарот од зголемените цени најави и министерот за економија Роберт Хабек.

Министерот за финансии сака воведување на утврден попуст на цената на горивата, со кој цената ќе се при тиска кон границата од две евра. Попустот би можел да изнесува 20 центи по литар, но може да биде и поголем, пишува „Билд“.

Инаку повеќе од 1.000 вработени луѓе како обезбедување денеска ги напуштија работните места на аеродромите низ Германија, што доведе до откажување или одложување на десетици летови.

Безбедносните работници на аеродромите во Берлин, Дизелдорф, Хановер и други градови почнаа еднодневен штрајк на полноќ, барајќи зголемување на платите, јавува агенцијата АП, повикувајќи се на германски медиуми.

Протестот бил организиран како дел од спорот за платите меѓу синдикатот Верди и Федералната асоцијација на компании за воздухопловна безбедност.

Синдикатот преговара со здружението на работодавачи за нов колективен договор за околу 25.000 работници од секторот за обезбедување низ државата.

Три рунди преговори досега не дадоа резултати. Двете страни планираат да се сретнат во Берлин во текот на оваа недела за понатамошни разговори.

Верди, кој меѓу другото бара зголемување на саатницата за најмалку едно евро, најави дека во штрајкот учествуваат околу 1.350 вработени низ државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *