Брачниот пар Миланкови својата канцеларија од градот ја преместија во планина: Го пронајдовме мирот и спокојот

  • By klaster2
  • февруари 11, 2022
  • 0
  • 461 Views

Млад брачен пар од Белград, Ивана и Андреј Миланков, одлучија да ја преселат својата канцеларија од центарот на главниот град во падините на планината Дивчибаре.

Со оглед на тоа дека можат да работат од каде било на планетата каде што имаат добра интернет конекција, овие млади луѓе сакаа да најдат место каде што ќе можат да бидат во природа.

 

Да бидат некаде на чист воздух и каде буквално ќе можат да слушнат тишина, звукот на птиците и да уживаат во спокојот.

Нивната приказна започнала на сосема неверојатен начин и така продолжи. Имено, овие двајца млади решиле да изградат мала дрвена куќарка на планина среде шума,

Куќа во која секој слободен момент ќе го поминуваат уживајќи во сите благодети на недопрената природа. Па така тоа прерасна во нешто повеќе

– Јас сум родена на село но потоа заминавме во метрополата, тој живот некако беше многу брз и се едно исто се случува како да си во трка со времето.

– Па така сакав да се откажам од тоа и да си го остварам детскиот сон да живеам слободно но секако извршувајќи си ги работните обврски, вели Ивана.

-Секој што ме познава повеќе од пет минути знае дека постојано зборувам за куќата во шумата“. Особено во период на короната, додава таа.

– Доаѓавме и овде седевме по 20 дена и додека куќата не беше направена и постепно ја стегавме и стигнавме до ова што е сега.

– Секако ова немаше сами да го направиме, овде беа и наши пријатели кој ни помагаа при конструкција на самата куќарка, додава Андреј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.