Бојана Скендеровски: Не би се декларирала да влезам во партија, но да пеам на кампања тоа би го направила

  • By klaster3
  • јуни 6, 2022
  • 0
  • 379 Views

Музичката кариерата ја започна како Бојана Атанасовска како што јавноста ја препознаваме, но откако се омажи го промени името во Скендеровски.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст).

Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната “Немам одбрана” и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, ромскиот натпревар “Фантан ди малме” со песната “Ќе пол удам” на ромски јазик, и натпреварот “Марко Поло” во Хрватска.

Како што е познато покрај музичката таа започна и водителска кариера каде што исто така е успешна. Ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Бојана Скендеровски очигледно има сериозни намери кога е во прашање нејзиното враќање на музичката сцена. Пред неколку месеци таа ја објави песната „Зад завесите“, а неодамна го промовираше својот најнов проект.

Објави нова песна со наслов „Среќа и несреќа“ која ја работеше со српскиот композитор Саша Милошевиќ – Маре, а исто така таа доби и српска верзија.

– Секој пат сакам да го почувствувам пулсот на публиката, можеби некое мое издание ќе им се допадне повеќе или помалку, но и јас низ годините созревам, и се менувам, и сакам да експериментирам, но до одредени граници, за мене музиката е само добра или лоша, и не правам други поделби.

Честопати гледачите можат да ме чујат како пеам и модерна поп музика,но уживам и во македонските фолк нумери, а често пеам и странски рефрени, за мене музиката нема граници, изјави Бојана Скендеровски за Прес24.

Јас едноставно последниве години морав да направам пауза, затоа што морав да се остварам во најважната животна улога, а тоа е мајчинството, но не се каам, за да ги добијам своите деца би направила уште два пати по толку.

Едноставни работи ми го разубавуваат денот, но најчесто Искра и Ѓорѓи ми го разубавуваат денот, особено кога не пречекуваат уште од врата затрчани да не гушнат, да ни проверат по ќеси дали сме донеле нешто за нив и да не тераат да ги носиме некаде на прошетка.

Бојана е веќе позната докажана пејачка, па се изјасни дали би пеела за некоја политичка партија и дали би се декларирала во таа смисла како приврзаник на некоја партија.

– Можеби не би се декларирала јавно ако сум симпатизер или нешто лично си мислам за некоја партија. Не би се декларирала можеби да влезам во партија, да имам книшка, но да пеам на кампања или да ме повикаат професионално тоа би го направила секако.

Тоа е мојата работа. Ако те викнат едните тогаш ти по дифолт припаѓаш кај едните без разлика дали си симпатизер, не си имал книшка, гласаш за нив, не гласаш, излегуваш на гласање…не.

Ако влезеш да пееш за едни тогаш готово, таму си влегол тешко дека ќе те викнат другите. Нашата работа е да ја забавуваме публиката таму што дошла да биде на тој митинг, ние не апелираме за гласање, вели Бојана за Г-Карпет на Канал 5.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *