Бојана Скендеровски: Извинете што ве чачнав каде што не требаше

  • By admin
  • декември 1, 2021
  • 0
  • 530 Views

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Мајчинство ме комплетираше целосно, создаде една нова димензија од мене, го извади најдоброто и најсилното во мене, ме направи и најкревка и најмоќна во исто време, кажа во едно интервју неодамна и додаде:

Се е возможно,но тие се сеуште многу мали за да знам дали имаат афинитети. Искра има 3 години, а Ѓорѓи 1,5 година, јас би сакала ако го сакаат ова, да го прават со љубов, но тука сум за се што ќе одберат да прават во животот.

Mојата улога како мајка е да ги подржам и да им помогнам да ги остварат своите соништа.

Многу ми недостасуваше музиката и настапите, особено во последнава година кога сето тоа ни е забрането, кога сте уметник, музичар, да ви биде скратено тоа што сте вие е исто како да ставите птица во кафез.

Таа има и да јаде и да пие, но не е среќна, затворена е….така е и со оваа работа,ако не музицирате едноставно не сте исполнети.

Јас едноставно последниве години морав да направам пауза, затоа што морав да се остварам во најважната животна улога, а тоа е мајчинството, но не се каам, за да ги добијам своите деца би направила уште два пати по толку.

Едноставни работи ми го разубавуваат денот, но најчесто Искра и Ѓорѓи ми го разубавуваат денот, особено кога не пречекуваат уште од врата затрчани да не гушнат, да ни проверат по ќеси дали сме донеле нешто за нив и да не тераат да ги носиме некаде на прошетка.

Скендеровски се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели статус во кој што вели:

По низата коментари,кои вчера ги добив за себе по повод случката во градинката,од типот “калаштуро една”,”тебе ли ќе те слушаме со деп ресивните песни”…”ти ли мори ружно една ќе збориш”.

Јас мислам дека се ова што ни се случува е таман за нас,и нашево општество,тоа си сакаме…Извинете што ве чачнав каде што не требаше

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *