Борис бил бранител, а денес заедно со неговите деца живее во голема сиромаштија и на раб на егзистенција

  • By klaster2
  • јануари 17, 2022
  • 0
  • 505 Views

Што би направиле ако вашите деца живеат меѓу такви црни ѕидови? Кога би спиеле во соби полни со влага? Кога би им било нарушено здравјето? Сигурно би направиле се што е во ваша моќ за да го промените тоа.

Е таква слична судбина има Борис Јасовиќ бранител кој учествувал во не милите настани на Косово и Метохија, бранејќи го народот.

За заслугите и неговите постигнувања му бил доделен медал и пофалница. Но за Борис денеска нема работа во Црна Гора.

Овде каде што живееме не не сакаат како да не сметаат за државни непријатели уште од прадедо ми. Проблемот е што ние сме Срби! – вели Борис, вели тој за организација ,,Србизасрбе.орг”

Неговата сопруга Бојана потекнувала од Јагодина. Иако е тука повеќе од 12 години, иако родила три златни деца, сè уште ги нема документите.

– Раде (8), Кристина (6) и Лука (4) се нашите причини за живот. Лука имаше проблеми со говорот, па го носевме насекаде.

– Се подобрува малку. Само се плашам дека оваа влага нема да влијае на нивното здравје – вели оваа посветена домаќинка.

Пред две години силен ветер им однел дел од покривот. Ова дополнително ги комплицирал и онака лошите услови за живот во куќата.

Поправивме нешто но за жал, покривот е многу лош, гредите се истрошени. Сите спиеме во овие две соби, но ѕидовите ја црпат влагата и одоздола и одозгора.

Столаријата е во лоша состојба, а за мебелот да не зборувам, плочките се лошо изработени. Имаме и голем долг за струја, која месечно го плаќаме по 20 евра.

– Од приходите имаме само социјална помош во износ од 190 евра. Чуваме една крава и коњ, а овците летово моравме да ги продадеме. Морав да изнајмам трактор за работа – додава Борис.

За жал, тие немаат сопствено земјиште, па изнајмуваат колку што можат и им помагаат на другите како аргати. Па така вадат некој денар.

Има многу не волји што го снашле семејството Јашовиќ. Сепак, веруваме дека има добри луѓе кои нема да ги остават на цедило.

ФОТО: ,,Србизасрбе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *