Благоја Чоревски е македонски глумец и режисер, општественик и државник, еден од ретките професионалци во Македонија. Тој е дете на театарско семејство.
Роден е на 9 септември 1947 година во Велес, во семејство на двајца актери – татко Трајко Чоревски и мајка Ратка Чоревска, актерка, едни од основоположниците на МНТ. На сцена првпат излегол на 4 години.
„Мојата кариера е работа и само работа… Глумата е 99,9 отсто работа, а 0,1 отсто талент или дар од Бога. Едното без другото не може. Дарбата за глума мора да се надградува со постојана работа, но и константното играње и работење е ништо без тој мал процент талент.“
Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија, како наградата за животно дело „Петре Прличко“ и награда за животно дело на МНТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
Освен тоа, Чоревски извршувал и функции директор на Драмски театар – Скопје, заменик – министер за култура на Република Македонија и претседател на Советот на Град Скопје.
На таа тема изјави: „Човекот којшто е поставен за министер, мора да биде со сите, мора да биде со сите луѓе. Јас сум дал оставка за заменик министер затоа што не ме слушале, како единствен стручњак во таа област“.
Во емисијата 7/8 додаде дека наградата за животно дело „13 Ноември“, којашто би требало да му биде доделена на ваков докажан професионалец, не му недостасува зашто веројатно не ја заслужува.
– Во Македонија е многу тешко да бидеш успешен, да бидеш добар пејач, актер, директор, доктор, педагог, да бидеш добар водител.
Многу е тешко, зависта во Македонија е на прво место, да биде поинаку ние ке бевме одлична држава. Кај нас политичарите мислат дека тие се најважни во дражавата, а сето друго е на маргините.
За жал не е така во светот. Во светот е уметникот, човекот со вредности, индвиидуалните вредности се почитуваат и се ставаат на пиедестал“, вели Чоревски.
-Сум ги поминал сите будалаштини, сега сум стабилизиран, но детето во мене се уште постои. Еден од големите заслужни луѓе за она што сум денес, освен моите родители, е мојата сопруга.
Низ годините Чоревски имал многубројни турнеи надвор од земјата и немал толку време за прошетки со сопругата и како што вели таа, само двапати ја носел – во Париз и Атина.
Сподели дека сега се како старо добро вино и дека е многу нежен спрема неа, постојано и вели „многу те сакам, дојди да те цункам, многу си убава“.