Благоја Грујовски проговори за екс сопругата Татјана Стојановска и откри во какви релации се сега

  • By klaster3
  • април 5, 2022
  • 0
  • 508 Views

Едно од најпозатите музички имиња во фолк музиката е несомнено Благоја Грујовски кој во музичките води запливал пред 29 години. Татко му сакал да биде музичар, а мајка му интелектуалец.

Им ги исполнил желбите на некој начин и на двајцата, и станал новинар и музичар, а најмалку се надевал дека ќе земе микрофон да пее, во групата со која настапувал претходно уста не отварал.

– За првпат настапив на фестивалот „Цветници“, имавме и среќа и врски, тогаш татко ми беше познат човек и со групата „Мераклии“ сакавме да се појавиме во јавноста, вели Благоја за репортер.мк.

– Не бевме многу воодушевени, ја изведувавме песната „Туѓино јабано“, но предизивика големо внимание, Македонија е печалбарска земја и веројатно тоа ги погоди луѓето.

Иако фестивалите сега се повеќе про-форма, останаа како традиција од некое време и добра можност се за млади изведувачи да се претстават пред јавноста.

Грујовски е познат и по ангажманот во Македонско Радио цели 16 години за кои вели дека му биле многу напорни бидејќи паралелно имал настапи.

Отсекогаш важел за човек кој го привлекува вниманието на женскиот пол, но вели дека за него тоа ништо не значи зашто знае дека не е каков што мисли публиката.

– Не можам да бидам нешто што не сум јас, да се тетовирам пример. Секој има право да експериментира, но во суштина отсекогаш сум бил повлечен и дискретен.

– Мене ми пишувале многу приказни и авантури кои само на филм ги имало, мене ми пречело бидејќи не сум таа личност. Секако ме пог одува, но не ми пречело општо во животот.

Меѓутоа, јас се тешам затоа што не сум единствен – повеќето јавни лочности ги следи истото, народот мора да се испразни на некого. Луѓето не знам каква претстава имаат за мене.

Сега е во брак скоро 13 години со 24 години помладата сопруга Ирена, а претходно беше во брак познатат водителката Татјана Стојановска со која го има синот Матеј.

– Кај мене се е на 12 години, се е во знакот на тигар, и во фамилијата, и сегашната и бившата жена сите сме во знак на тигар. Поранешната жена беше 12 години помлада, а сегашната 24 години, сега третата не знаеме, не би одел со 12 години пак, се шегува Благоја и се наврати на првата сопруга Татјана:

-Со Татјана ретко се гледаме, меѓутоа имаме добра другарска релација и никогаш не сме имале поинаква. Секогаш сме биле во добри релации пријателски и не сме имале про блем.

Интервјуто во целост со видео прилог може да го проследите на репортер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *