Еден од најпознатите македонски фолк пејачот Благоја Грујовски беше еден од многубројните наши граѓани кои завршија во болница поради вирусот, но на крај за среќа излегна како победник.
Кога станува збор за здравјето и за животот мора да се избере најдоброто. Знаев дека може да верувам. Дека има опрема, дека овде работат најдобрите доктори. Уште веднаш примав лекови за да се смири таа цитокинска бур а.
Сега сум исклучително благодарен на сите. Тие се заслужни што повторно сум добар – сопственикот Јордан Камчев, кој покажа исклучителен интерес, но и докторите Патриција Каламарас – инфектолог, д-р Валерија Кирова Урошевиќ инфектолог, д-р Никола Шиков – анестезиолог, д-р Хараламбос Сидиропулос – инфектолог.
Сиот персонал кој беше вклучен во моето лекување даваше сè од себе за пациентите. Лично се уверив во совршеноста на системот во ‘Аџибадем Систина’, која е сериозна болница од светски ранг“, вели Грујовски.
Пејачот раскажува дека можеби имал погрешен став во однос на вирусот, иако никогаш не сметал дека ковид не постои. Вели дека почитувал препораки и се штител.
Сепак, како што објаснува, тешко се изборил. За себе вели дека никогаш порано не бил посериозно болен, имал добар имунитет.
„Иако има многу непознати во однос на вирусот, сепак нели тврдењата се дека постарите луѓе потешко поминуваат, за жал за нив болеста е и фат ална. Иако имав подобар имунитет, поминав многу лошо.
Од овој аспект само можам да кажам дека вирусот е многу непредвидлив, мистериозен. Затоа упатувам апел до сите посериозно да го сфатат ова, да не се опуштаме и да ги почитуваме препораките. Нема правила и, за жал, сите можеме да наст радаме“, вели Грујовски.
Фолк пејачот Благоја Грујовски го одбележа 59-от роденден. Опкружен со семејството, бидејќи како што вели, не е љубител на големи роденденски прослави, тој вели дека изминатата година никогаш нема да ја заборави, и ја научил најважната животна лекција.
-Додека лежев во болничкиот кревет и се бо рев за здив, на почетокот на годинава, искрено, не ни верував дека ќе го дочекам роденденот.
Не ни можев да размислувам за ништо, до толку беше сериозна мојата би тка за живот. Ковидот ме уд ри толку силно, што се се случуваше како на филмска лента.
Долго ми траеше и рехабилитацијата, периодот на заздравување и полека, враќањето во нормала. Лекцијата која ја научив после се, е дека здравјето нема цена и е најважното нешто.
Сите ние, некако додека сме здрави, не помислуваме на тоа, се забораваме, мислиме дека сме вечни. Дури откако ќе се соочиме со една така тешка и кри тична состојба, како што беше мојата, започнуваме сосема поинаку да гледаме на се во животот – за ,,Фокус” појаснува музичарот.