Билјана Пандурска е жрт ва на семејно насил ство. Толку била те пана ќе рече таа, што еден ден, откако ќе роди шест деца, две години нема да знае за себе.
Згрижена во болница, сопругот се откажува од сите деца. Дел од нив заминуваат во дом, дел во дом семејства. Едно семејство престанува да постои. Многу судбини се од корен сменети.
За жал, Билјана од тој момент до денес живее многу тешко. Со 4000 денари месечно, собира шишиња за да преживее. се храни во народни кујни.
Често легнува и гладна. Се надева дека откако ќе ја каже својата приказна, макар едно од децата ќе и прости и ќе живеат заедно како некогаш.
Билјана често спие и под отворено небо. На почетокот оваа жена работела во фабрика изаработувала за парче леб. Подоцна го запознава сопругот кој ќе и го промени животот од корен.
На почетокот имала убав живот и слога, се додека пороците не го надвладеале сопругот. Таа трпела буквално се, а тоа резултирало со тоа што таа скоро две години била во постела.
Децата што ги родила креваат раци од неа. За да не измрзне на улици, таа денес е под кирија која ја покрива со социјалната помош од 4.000 денари.
За храна не стасува, па таа ќе мора да јаде по цркви или да обезбеди кришка леб преку собирање на шишиња. Сепак и мизе ријата би ја преживеала само некој од децата да ја нарече ,,мамо”
– Во 1992 година од претпреното од сопургот западна во кревет, односно бев парали зирана, а државата ми ги зема децата.
– Без мое знаење сопругот го дал детето на државата. Дел од децата не знаат за мене, ме имат заборавено а на други им е кажано дека сум по чината. Сето тоа за периодот од две години во кој бев неподвижна.
– Најголема желба ми е ќерката да ме нарече ,,мамо” . Таа мисли дека намерно сум ја оставила, но бев неподвижна, сакам да ме разбере.
– Еднаш во денот јадам, одам по црквите и читам книги со цел да ми избегнат црните мисли, пари не стигаат ниту за основното, вели таа отворено пред камерите на ,,Срце на дланка”
– Собирам шишиња за да имам за оброк, а се греам под јорган, таванот може да ми падне над глава во секој момент, додава Пандурска.
– Се надевам дека ќе добијам машина за шиење од некој со која би си вадела барем за еден леб, знам да шијам, вели за крај оваа храбра жена.
Доколку сакате да и помогнете на тетка Билјана да застане на здрави нозе тоа може да го сторите на телефонскиот број 074 223 199 или на трансакциската сметка 210501566197939 Билјана Пандурска