Беше една од најзгодните и најбарани македонски пејачки – но се повлече, се спакува и замина во Германија

  • By admin
  • август 10, 2022
  • 0
  • 375 Views

Во последните години сведоци сме на се поголем број луѓе кои се решаваат да ги спакуват куферите и да заминат во странство по подобар живот.

Тоа најмногу го прават млади луѓе, но и повозрасни и притоа добро ситуирани што е доказ дека не сите си заминуваат од Македонија поради материјални добра, поточно пари.

Трендото на иселување од година во година зема се поголем замав, а со оглед на ситуацијата во државата и не е нешто што не е неочекувано.

Во изминатите години и низа културни уметници, актери, музичари, пејачи и слично решија среќата да си ја побарат надвод од границите на Македонија.

Една од нив е и пејачката Сања Лефкова која своевремено важеше за една од најзгодните и најбарани пејачки на македонската музичка сцена.

За оние кои не ја знаат да кажеме дека како мала Сања се занимавала со гимнастика и со кошарка, но, сепак, на крајот преовладала љубовта кон музиката, и таа се запишала на соло-пеење во Штип.

Заедно со Емил Арсов, петнаесетгодишната штипјанка Сања била најмлад учесник на финалната вечер на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди, одржана во Универзалната сала.

Таа ја исполнила темата “Лијат години”, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Митевски.

Во цветото на својата музичка кариера Сања реши да се спакува и со својот сопруг со кого во меѓувреме имаа два сина да се исели.

Првин тие живееја во Англија, поточно Лондон, а сега се преселија во Германија, држава која што е дом на многу Македонци.

– За моето заминување не би сакала да говорам. Тоа го направив поради подобра едукација и иднина на моето дете, поради повеќе опции и можности за нас.

Планирам и понатаму да снимам и да настапувам. Тоа ме исполнува откако знам за себе. Секогаш велат, каде ти е фамилијата таму ти е и домот, но тоа не значи дека не размислуваме да се вратиме еден ден – изјави Лефкова во една прилика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *