Беровчанецот Миле од Австрија: Бугарија вака, онака, ама нивниот пасош ме спаси

  • By admin
  • мај 8, 2021
  • 0
  • 9344 Views

Моето име е Миле од беровско, јас сум човек којшто ја дели судбината на многумина наши сонародници. И јас сум иселеник во туѓа земја како и многу други луѓе коишто немале друг избор освен да ја напуштат татковината.

Се знае, не дека од многу ќеф се заминува, туку единствено заради пари. Гледајќи и читајќи ги секојдневно коментарите по социјалните мрежи во врска со дијаспората решив и јас да дадам свој коментар на темава.

Има различни коментатори, едни се они најтврдокорните кои ја бранат нашата земја и народ и не се откажуваат од неа; други се иселеници кои однадвор само подбуцнуваат со коментари и се фалат како во туѓина им е најубаво, а долу се е за средување; и трети кои најмногу ја сакаат земјата, коментираат како најголеми патриоти, а едвај чекаат да заминат оттаму, знаејќи ја ситуацијата.

Јас лично многу ја сакам нашата земја, кога само би бил повисок стандардот за живот и да даваат повисоки плати, не би се двоумел да останам. За џабе не рекле старите, каменот си тежи на своето место.

Многумина знаат да не нападнат затоа што сме лакоми за пари и гледаме само да избегаме од дома, но не се во право. Секој што заминал од дома и оставил родители или сопруга знае дека се заминува од немај-каде, за подобар живот во иднина.

Не се преживува со минималец, па и акп имаш голема фамилија, автомобил, сметки, нема шанси да стигне за сè. Едвај сврзував крај со крај, бев женет и искрено не се осмелувавме да имаме дете заради немањето пари.

Се плашевме дека нема со што да го издржуваме. Немав родители, немаше барем една пензија со којашто ќе се крепиме. Сопругата едвај се вработи како садоперачка и навистина бевме разочарани од животот.

Млади, а едвај заработувавме за живот, така е кога си обичен работник и ти зависиш од некого. Во тој период, за среќа, еден пријател ми спомна дека поднел документи за бугарски пасош и сака со него да замине да вози во странство.

Не ни планирав такво нешто јас кога еднаш се сетив дека имам прадедо преку кој можам да аплицирам и јас. Се распрапав околу процедуратаи потребните документи и заедно со сопругата аплициравме.

Кога веќе помина долго време мислев дека нема да ни одобрат. Можеби има некои што ќе ме критикуваат, и знам дека имаше луѓе што зборуваа зад грб, демек сме се продале сега веќе не сме Македонци, но јас со терам како мене што ми е најдобро.

Ги добивме после 3 години. Работевме секој ден со надеж дека еден ден ќе заминеме и ќе живееме подобро. И тоа и се случи. Искрено многу сум благодарен што воопшто имавме можност за вакво нешто.

Заминавме за Австрија и почнавме нов живот. Не дека тука многу е лесно, се работи и тоа многу, но барем имаме доволно пари за се. Немам веќе долгови и кредити за плаќање.

Заработуваме онолку колку што ни е потребно и се надеваме за повеќе во иднина. Најважно е тоа што и покрај тешкиот почеток се снајдовме убаво и веќе после 5 години сме во план да купиме сопствен стан.

Си добивме и две дечиња и навистина животот ни се среди како што сакавме. Кој што сака нека си зборува, најважно е човек како умее и знае да се снајде, сепак еднаш се живее, која фајда би ја имал ако седам и пишувам коментари како многу да го бранам името и земјата, а децата немаат што да јадат?

Или да немаат убаво образование, здравствена грижа, непрофесионална администрација, а јас упорно да бранам нечии интереси и демек цел живот сакам да останам и живеам како куче.. не може така.

Не се откажувам од македонштината, јас сум Македонец до крај на животот, но немав друг избор. Сега барем можам да си дозволам да одам и на одмор и на децата да им купам сè што сакаат.

Кој не сака ваков живот слободно нека со седи дома пред компјутер и нека се надева на подобри времиња таму!

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *