Музичарот Бени Шакири со години е дел на македонската музичка естрада и има долг стаж на истата сцена. Некој од неговите песни и ден денес се доста слушани.
Тој со неговата група ,, Бени и Нон- стоп” остави длабок впечаток на рок сцената. А во последно време активен е и на политичката сцена.
Тој на последните локлани избори беше и кандидат за градоначалник на Град Скопје од страна на движењето ,,Одлучно за промени” на ДОМ и ЛДП.
Овој пат тој беше гостин во емисијата ,,Бекстејџ” и отворено зборуваше за приватниот живот, како музичкиот така и политичкиот и како тоа се одразило на него.
На прашањето дали влегов во политиката со цел да му се оддолжи на Скопје за тоа што го има градот направено за него, Бени одговори:
Скопје е таква средина што никогаш нема да те прифати ако не си нормален, пристоен, обичен… Јас на Скопје нема зошто да му се оддолжувам ниту тој мене.
– Ако некој сака да ме опише мене со еден збор е тоа дека јас сум вистински скопјанец, од тука не сум отсуствувал подолго од два месеци.
– Сестра ми Нора ја плати на еден начин цената за тоа што сакав да бидам градоначалник, не е повеќе в.д директор, мислев дека тоа ќе го направат по елегантно но го направија сељачки, вели Бени.
– Со тако ми никогаш не сме имале близок однос, зборувам за однос како татко и син, тој во аманет не ми има оставено ништо.
– Во последните години од неговиот живот и се зближивме повеќе, но сега каде што е верувам му е многу поубаво, а дури сега чуствувам колку ми недостига и колку имал влијание.
– А нешто што научив од него е тоа дека треба да бидеш човек од збор, кога ветиш нешто мора да го исполниш па дури и тоа да ти се уд ри од глава.