Безодoмник веќе 35 години живее под кајче во Охрид: Од пари имам само два денари

  • By klaster2
  • април 2, 2022
  • 0
  • 670 Views

Животот често знае да биде су ров и да ги покаже сите свои лоши страни. Да имаш покрив над глава да преспиеш е она најосновното.

Но за жал некој го нема ниту тоа и е принуден да се снаоѓа како знае и умее. Чамец сместен во населбата Лагадин на самиот брег на Охридското езеро веќе подолго време му е дом на повозрасен граѓанин.

Тој тврди дека овде живее веќе 35 години. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец.

Поради здравствени проблеми и скрш ена нога, денеска не можеше да излезе од чамецот. Кажа само дека нема храна, лекови и дека вода пие од езерото.

„Немам пари, ги изгубив сите документи, а ногата ми е скр шена“, вели овој бездомник пред камерите на Алфа телевизија

– Зима овде живеа под чамецот. Храна ми донесува еден човек и од некој други хумани граѓани добива, а вода пијам од езерото.

– Од пари имам само два денари, дојде Брзата Помош ми помогна и ми даде терапија околу ногата па ќе видиме што ќе биде.

За Алсат телвизија пак овој човек вели дека имал работено во Америка, но оти останал без сите документи, а како бездомник живее долго

„Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено документите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне….“, вели бездомникот.

Од Брзата помош во Охрид за Алсат рекоа дека вчера доцна попладне примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош.

Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повр еден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска.

И му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трау матологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција.

Според наша проценка, станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кри зи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.