По грешка се качил во автобус во Хамбург, кој мислел дека ќе го врати назад во Холандија, но бидејќи под дејство на алко хол ги смешал автобусите, завршил во Данска.
„Феникс-магазин“ магазин пишува дека во полициската станица во Фленсбург, се испоставило дека морнарот од Босна имал намера да се врати со автобус
И тоа од Хамбург во Ајндховен во Холандија, каде што го спакувал багажот и паричникот во автобусот, заедно со сите документи.
Полицијата не објасни како тој успеал да пристигне во Хамбург без лични документи, па и на нив и делува чудно овој по малку комичен настан.
Во полициското соопштение се наведува дека во Хамбург под дејство на алко хол босанскиот државјанин ги смешал авотбусите односно:
Eден зелен автобус бил заменет со друг зелен автобус“ кој возел кон Копенхаген. Што направил сфатил веќе кога влегов во Данска.
Додека планирал да отпатува од Ајндховен за Босна и Херцеговина, полицијата ја контактирала амбасадата во Берлин и од нив добила информации за неговиот идентитет.
Амбасадата на Босна и Херцеговина во Берлин му испратила автобуска карта на својот 45-годишен морнар за да може да се врати од Хамбург во Ајндховен, каде што останале неговите работи.
За да се уверат дека 45-годишникот овој пат ќе се качи во вистинскиот автобус, германските полицајци го однеле до автобуската станица и со автобус го однеле до Ајндховен.
Нема што, ова е типична балканска работа, која е за очекување и несомнено предизвика хумор и насмевка на дијаспората но и сите останати.